Ќерката на Чолиќ изгледа како модел, еве каде одмара (ФОТО)

0

Постарата ќерка на Здравко Чолиќ, Уна изгледа многу привлечно и е активна на социјалните мрежи, каде што ја следат околу 31.000 луѓе.




Често експериментира кога станува збор за стилот и затоа тинејџерите најмногу ја следат.

Сепак, она што е малку познато за јавноста е дека Уна има две имиња. Кога сопругата на Здравко Чолиќ, Александра, го роди првото девојче во семејството Чолиќ во 2001 година, среќните родители одлучија да и дадат две имиња, па вистинското име на саканата на Чола е Уна Звездана.




Денес, Уна Звездана не сака да се потпишува така, туку само името Уна е на популарната социјална мрежа Инстаграм.

Иако потекнува од познато семејство, засега не сака да се експонира во јавноста, но како изгледа нејзиниот живот можете да видите преку социјалните мрежи. Таа има дваесет години и студира, а тоа сега е нејзината главна професија. Секој слободен момент го користи за да ужива во добра музика и забава со своите пријатели.




Во 2006 година, Здравко и Александра ја добија втората ќерка, Лара.

Иако ретко зборува за приватни работи, Чола откри во едно интервју дека и двете негови ќерки имаат талент за музика, но и призна дека се надева оти нема да бидат вклучени во неговиот бизнис.




“Тие се музикални, но не треба да ја имаме истата работа. Убаво е да се биде музички надарен, но тоа е доволно”, рече тој за босанските медиуми. Во истото интервју, тој објасни зошто не сакал да се фотографира со семејството во јавноста.




“Што значи да се фотографираме за насловните страници? Не ми пречи кога како семејство не фотографираат на аеродром, но да нè наместат за фотографирање, тоа не го сакам.“, рекол Чолиќ.




Постарата ќерка на Здравко Чолиќ, во време на најголемата пандемија, многу се плашеше за својот татко и неговото здравје уште од почетокот на вирусот! Дури и понекогаш, како што пренесува изворот на „Скандал“, таа плачела и се жалела пред своите пријателки!




– Уна е многу врзана за нејзиниот татко. Всушност, и двете ќерки го обожаваат Чола затоа што сè им попушта и тој е слаб на нив, но Уна некако навистина се плаши бидејќи е и прво дете, а е и позрела.

Помалата Лара исто така се грижи, но е порелаксирана – вели нивниот извор и додава:




– Бидејќи вирусот трае, Уна е како на игли. Таа само плаче и повторува: Се плашам! Како ќе можам без татко ми! Ова мора да престане, го сакам нашиот стар живот,да престанат веќе овие мерки на претпазливост – раскажува изворот. Сепак, неговото здравје не е толку лошо.




– Точно, Чола спаѓа во ризичната група според возраста, но живее здрав живот, тренира, се движи и го чува здравјето“, изјавил изворот. Сега, кога Здравко повторно им се врати на настапите, Уна ужова на одмор.




Таа објави слики од островот Миконс во Грција, каде што најверојатно е со друштво. Уна изгледа како професионелан модел оа фотографиите, а нејзините пријатели ѝ даваат комплименти за изборот на облека и за изгледот.

Претходна статијаД-р Илчо Ефкоски: Зет и невеста од Тетово, знаеле дека се позитивни, ама ја истерале свадбата
Следна статијаГоца Божиновска на разглас им се обрати на комшиите, цела населба ја слушна