Вера Мештеровиќ никогаш не изгледала подобро, ова е нејзин среќен понеделник (ФОТО)

0

Вера Мештеровиќ е Мис на Македонија за 1996 година. Оваа убава жена која и денес е актуелна ов јавноста е мајка на две деца и во една прилика се сети на своите почетоци.




– Одамна беше тоа, 1994-1995 година. Мојата прва ревија беше во Македонскиот Народен Театар за стоковната куќа „Јукан“ каде тогаш имаше гардероба од повеќе брендови.

Тогаш ги снимив и првите реклами за Алкалоид за странскиот и домашен пазар. Се сеќавам, тешко ми беше да најдам високи потпетици бидејќи носам број на чевли 41.




Мис на Македонија станав во 1996 година и бев првата мисица која официјално ја претставуваше Македонија на најстариот светски избор за убавина Miss World на кој бев секако доста забележана…“, рече таа за Фешнел.мк

Најубавите сеќавања поврзани со тоа време во врска со манекенството, е тоа што сите имавме третман како супер модели, гледаа на нас со почит, а токму тогаш беше и златното време на светските супер модели…




Денес, некако немам чувство дека на манекенките им се возвраќа со таков однос“, додаде Вера во истото интервју.

-Секогаш да бидам природна и да бидам она што сум. Употребувањето на многу шминка не ми го препорачуваа ниту во Македонија, ниту во странство, посочувајќи ми дека ништо повеќе не треба да се разубавува од она постоечкото.




Не постои жена или девојка која не би сакала да слушне вакви зборови. Јас порано вежбав активно, но сега во последниве години престанав. Сега за сега, ангажманот околу децата ми е физичката активност“, рече Вера за Фешнел. За своите деца, таа има зборувано и во Женски магазин.




Андреј има 11 години, Јована 9. Тие се извонредни деца, насмеани, среќни, дружељубиви, комуникативни, емпатични, грижиливи, вредни, културни, внимателни деца. Андреј тренира фудбал и навистина го сака тој спорт.




Јована од балерина сега тренира гимнастика, има голем афинитет кон глумата и планирам да ја запишам на курс. Двајцата се одлични ученици.

Ги воспитувам на трајни вредности, чесност, искреност, да бидат вредни, добри луѓе, да веруваат во себе, да го ценат својот труд но и трудот на другите, да се одговорни, истрајни, ги учам на здрави навики за животот, за храната, хигиената, да не се откажуваат никогаш без разлика што нема да успеат од прв пат да продолжат, и да се обидуваат сѐ додека не го постигнат замисленото.




Впрочем сѐ се постигнува, сѐ е возможно, доколку сме посветени и истрајни за да дојдеме до целта во училиштето, во спортот, во професијата, во животот“, рече Вера.

Од неодамна, Канал 5 ја ангажираше да биде водителка на Утринската програм, и очигледно е дека направи вистински избор. И Вера ужива во работата, и гледачите уживаат во нејзината работа.




Мештеровиќ знае да сподели слики од своето работно место, студиото на Канал 5 и тоа доста често, а тоа го стори и утрово. И ако за сите понеделник не е баш омилен ден, за Вера е, таа целата блеска од убавина со својата насмевка и порачува:




-Ајде да го почнеме денот со насмевка. Сречен понеделник, среќна нова недела.

Претходна статијаОва е големата љубов и гордост на Блага Петреска, пејачката со емотивна посвета (ФОТО)
Следна статијаКаролина сподели слика од мајка си и од внуката на одмор, ете на кого е убава (ФОТО)