Каролина сподели слика од мајка си и од внуката на одмор, ете на кого е убава (ФОТО)

0

Каролина Гочева за Македонија имаа пеено на Евровизија два пати, еднаш во Талин во Естонија и еднаш во Хелсикнки во Финска. Една слика која е од Талин, таа сподели на Инса стори, и се сети на личност која го напушти овој свет.




-Спомени од едно време, што се чини толку далечно. Сара Пројковска ја појави сликава по повод роденденот на Живкица Каленикова, а ова е нашата весела екипа во Талин, Естонија, пред скоро 20 години.




Никола Перевски, Ана Костадиновска, Франс, Стево. И наш Данче, секогаш насмеан каков што сите го памтиме, никогаш незаборавен. Фала Сарке. И среќен роденден ЖиЖи“, напиша Каролина.




Таа всушност мисли на својот менаџер Даниел Милошески, кој го напушти овој свет пред неколку години. Тој и неговиот брат Бибан ја имаат основано Авалон продукција која важи за една од најсупешните на овие простори.




Каролина Гочева е несомнено една од нашите најдобри пејачки. Освен тоа, многу од нејзините фанови ја сметаат и за модна икона. Каролина во јавноста се појавува само кога има нешто да каже.




И објавите на Инстгарам ги става дозирано, не пречесто, само со убав повод. Така летово изненади многумина кога објави слика во бикини, на летен одмор, но не ја откри дестинацијата каде летува.




Гордата битолчанка, една од нашите најголеми музички ѕвезди во една прилика го опиша својот роден крај и битолчанките.

-Мислам дека горди битолчанки, и пуфли се малку различни поими. Особено ме радува што првиве ги има сè уште и Битола сè уште може да се пофали со вистински госпоѓи и од повозрасната генерација кои се дотеруваат за на театар, за на концерт, за кафе на Широк сокак“, изјави Каролина.




Каролина изненади со нова епсна која се вика Идила, а всушност е преработка на песна од Драган Ѓаконовски- Шпато и најава за цела една плејда песни во тој стил. Таа соработува со Дуке Бојаџиев и со Исмаил Лумановски.




Токму од еден убав одмор на грчкиот остров Крф, Каролина сподели слики. Таа и сопругот избрале вила со базен пред која е сликана Каролина во прекрасен бел фустан.




Каролина објави и слика од плажа во бикини, но и од сопругот Михаил, на романтична вечера, а тој и наздравува со вино.

Сега таа го покажа своетро семетсво, односно нејзината мајка која се вика Светлана со внуката.




Тие се на одмор во Хрватска, а Каролина со гордост објави слика од својата убава мама, а крушата под круша паѓа, па се гледа од кого таа ја наследила убавината.

Претходна статијаВера Мештеровиќ никогаш не изгледала подобро, ова е нејзин среќен понеделник (ФОТО)
Следна статијаСе породи Бојана Родиќ, Богдана Ражњатовиќ стана тетка, еве што рече за внучето (ФОТО)