Што дочекав, роден брат да не ме викне дома да каснам парче леб со него

0

Во последно време сè повеќе забележувам колку всушност се луѓето расипани и користољубиви. Дали до сега не сум обрнувал внимание на тие работи и сум преминувал преку се’ само за да имам мир и слога со другите? Морам да признаам, порано како да не беа вакви луѓето.




Сега постојано владее љубомора и завист жеѓу нас што не знам веќе на кого да верувам, а на кого не. Сите си работат како што им одговара и не се замараат дали ќе повредат или понижат некого. Јас сум од скоро пензионер. Веќе 2 години сме пензионери со сопругата.




Се изнаработивме доста на овој век, створивме семејство, изградивме куќа за децата, ама ете, тие среќата си ја побараа надвор од земјава. Ние си останавме сами дома и сега ни останува само да уживаме во животот и да си ја користиме пензијата.

Живееме преку една куќа со моите родители и другиот брат. Порано сите заедно живеевме во таа куќа и мислам дека имаше повеќе слога отколку сега.




Иако бевме многу луѓе на едно место и понекогаш имаше недозразбирања знаевме дека сите сме заедно и се’ се надминуваше.

Нашите деца постојано беа заедно и заедно израснаа за разлика од сега кога сите се распрснати на различни страни и се гледаат многу ретко. Дури и меѓу нас браќата постои некоја завист која навистина не знам од каде е.




Можеби заради имотот. Брат ми и снаа ми не можеа ништо да направат, ни куќа да реновираат, баш како што е изградена од татко ми така и остана. Верувам дека не им стигнуваат платите и за тоа, ама зошто па да загледуваат во мојот двор и да љубоморат? Пред некој ден се случи нешто што навистина ме навреди.

Иако не се случува првпат, сега баш пред празнициве многу тешко ми падна. Ние секој ден се гледаме со нив и внукот. Ретко се организираме да се собереме и да заседнеме, само колку за едно кафе. Овие паметниве, пред некој ден сами си се организирале, се собрале брат ми, син му и зетот и го викнале и комшијата и правеле скара.




Скоро цел ден пред тоа, бевме заедно и сабајлето се видовме и луѓево ништо, си молчат, не споменуваат дека ќе седнат вака пред Нова година да си прослават. Си изнакупиле салати, месо и пиење и си седнале цел ден да се гоштеваат. Не е мое да зборувам за тоа кој со кого и колку треба да седи, ама зошто не би ме викнале и мене?




Како може утредента да ме погледнат во очи и да ми прават муабет, а претходниот ден си седеле збрани? Значи немаат никаков осет, другпат ќе знам и јас како треба. Како можеле комшијата да го повикаат, а родениот брат не? Барем да ми кажеа, да викнеа, па можеби и ќе ги одбиев. Не сум толку за пиењето и јадењето колку за муабетот.




Воопшто не ми се допаѓа ова што го направија. Не знам ни кој беше организаторот, а и не ме интересира, само знам дека едно зборуваат а друго прават. Утредента еден муабет, се’ и сешто, и тоа оговарање на соседот, на други роднини. Не сакав да се расправам со брат ми, инаку ќе му изнакажев убаво…вчера му беше добро кога седеше на маса со него, а сега не му чини.




Многу брзо забораваат луѓето како се живееше порано. Немавме толку пари и луксузи, ама секој ден поминат со фамилијата ни беше бесценет. Секој по нешто купуваше, сопругите готвеа јадења и сите заедно седнувавме на маса или одевме на излет.

Сега и излетите се заборавени. Дури ми е чудно тоа што има фамилии кои се’ уште се собираат секоја недела на ручек и си одат на гости.




Кај нас во фамилија тоа е веќе заборавено. Повеќе се ценат и канат луѓе кои не ти се толку блиски, отколку ближните. Сопругата ми рече да не се нервирам, секој си е одговорен за своите постапки и да помнам како се однесуваат кон мене, па и јас да им возвраќам така.




Ама јас не сум таков човек, тие луѓе ми се брат и внук и јас не би можел да заспијам ако не им помогнам за нешто или ако не им направам услуга.

Сакам со сите да бидам во добри односи, но едноставно реалноста не ми дозволува. Не сакам ни некој да ме прави бу дала кога се’ ми е пред очи и ми е јасно.




Обработи: С.С. Фото: Илустрација

Името и презимето познати на редакцијата. Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаСо среќа во Турција ЈУНАКУ, парите за малиот Јаков се собраа, а ова е македонецот од Австралија кој е најзаслужен
Следна статијаД-р Нико Беќаровски одлучи да ја напушти групата во која се разменуваа искуства за вирусот