Со среќа во Турција ЈУНАКУ, парите за малиот Јаков се собраа, а ова е македонецот од Австралија кој е најзаслужен

0

Малиот Јаков од Кочани наместо да се радува како секое мало детенце имаше тежок почеток во животот. Откако поминал две операции потребно е лекување во Истамбул, Турција кое родителите не можат да си го дозволат.




Да се запознае сур овоста на животот додека се уште вистински не си го запознал е навистина тажно. Во ваква ситуација е нормално да се запрашате „зошто Боже“, како што се прашува и Елена од Кочани, мајка на малиот Јаков, кој на само 10 месеци го почувствувал најстрашното искушение во животот- борба за здравјето.




За Јаков минатиот месец се упатуваа апели за помош од финансиски средства, бидејќи по две операции тука, беше потребно да замине на лекување во Истанбул, Турција.

ММС тогаш го контактираше семејството Јанакиеви од Кочани, а нивната борба за здравје на синчето не остава никого рамнодушен, напротив нема кој не посакува да му се врати насмевката на 2.5 годишниот Јаков. Мајката Елена ја раскажа тешката борба на Јаков и неговото семејство и големата надеж дека се ке биде добро.




-Јаков е роден на 11 март во 2019 година, уште нема 2.5 години. Уште во првата година од животот, место да му се радуваме на ново запче, проодување, роденден, нам ни почнаа страшни маки.




На 10 месеци му се појави тумор или нефрогластома, па поради тоа го изгуби едниот бубрег.Таков тумор вообичаено се појавува кај поголемки деца, на 4-5 годинки, но кај Јаков се случи многу порано, уште бебе, немаше проодено. Го открија така што му се појави деформитет на стомачето, рече меѓудругото во опширното интервју мајката на Јаков.




Во месец јуни беа покренати повеќе акции по социјалните мрежи за малиот Јаков, но еден човек се издвои по својата великодушност.

Овој човек е Џим Ристевски, австралијанец со македонски корени, кој за неполни два дена успеал да собере преку неговата мрежа на деловни партнери и пријатели приближно 28.000 австралиски долари, за хемотерапија и лечење на двегодишниот Јаков.




Познатиот бизнисмен и филантроп по трет пат со своја иницијатива успеа да ја вклучи заедницата во Австралија за помош.

„Јаков, ти си мал борец, твојата насмевка ги стопи срцата на Австралијаните. Тука, кога сме повторно во локдаун, сите ги отворивме нашите џебови за да помогнеме. Инаку сум татко на три деца и едноставно не можев да замислам да не се вклучам да помогнам“, вели Ристевски кој ѝ е познат на македонската јавност по два претходни хумани гестови.




Во 2016 година, кога се случија големите поплави тој успеа да собере 10.000 австралиски долари за малиот Ведран Велиновски од Крива Паланка, кој ги загуби своите мајка и брат на скопската обиколница.

Лани повторно се јави како организатор на иницијатива за собирање донации во која ја вклучи неговата ќерка Медисон Ристевски, средношколка од Волонгонг, Австралија.




Таа ѝ припаѓа на четврта генерација Австралијци со македонско потекло и изработувајќи средношколски проект, ги заинтригира светот и дијаспората.

Донациите доаѓаа од хумани луѓе од Австралија, Кина, Филипините, Нов Зеланд, Малта, Канада, САД. А беа наменети за реконструкција на Медицинското училиште Д-р Јован Калаузи од Битола, кое беше во очајна состојба.




Ристевски кој е татко на три дечиња и самиот вели дека како родител не можел, а да не му помогне на малиот Јаков. По собирањето на средствата, порталот Република го пренесе задоволството на Ристевски:

-Овој пат, парите ги собравме за една недела, со навистина лесен напор. Сторијата ги стопи срцата на луѓето. Најголемиот дел од средствата ги собрав од семејството, пријателите и бизнис партнерите во Австралија. Секогаш лично донирам голем дел.




Сакам да се заблагодарам на сите македонско-австралиски фан страни на социјалната мрежа Фејсбук, за нивното ангажирање веста да допре преку оваа платформа до многу луѓе.

Голема благодарност до македонските медиуми, кои кај Вас ја раширија веста за акцијата. И благодарност до сите добри луѓе кои ги отворија и срцата и џебовите за да успееме, истакна Ристевски.




Претходна статијаТамара се јави од грчка плажа, многу добро изгледа (ФОТО)
Следна статијаШто дочекав, роден брат да не ме викне дома да каснам парче леб со него