Нашиот пејач со уште една згодна српска пејачка, како ли му успева? (ФОТО)

0

Огнен Здравковски на јавноста ѝ стана познат откако учествуваше на натпреварот Ѕвздите на Гранд, а негов ментор беше Марија ШЕрифовиќ. Огнен пред дев години се прошета со Марија во Париз, и за Точка раскажа каква е таа и како си поминал во градот на светлината.




-Марија е иста и пред камери и позади камери.. Пред се она е човек со преголемо срце, што ако те засака се ќе направи за тебе.. Она во моето срце и во мојот живот ќе има посебно место засекогаш!!!




Го прошетавме скоро цел Париз. Ги посетивме сите битни места што се во градот,најпосетувани туристички атракции, како: “Шанзелизе”, “Триумфалната Капија”, “Нотрдам”, “Ајфеловата Кула”, итн.

Ќе ги паметам шалите и дружбите помеѓу нашиот тим, а највеќе возењето низ целиот Париз со електричните тротинети:). Има многу незаборавни случки, ама нека останат тајна“, реле тогаш Огнен.




За прв пат во јавноста, во интервју за Бекстејџ, со солзи во очите, Огнен Здравковски зборуваше за загубата на својот вујко и болката по неговото заминување.

Зоран Џорлев, познатиот виолинист, музичар и професор си замина на 1 јануари годинава, поради последиците од вирусот. „Велат дека времето лечи се, ама тоа не е точно. Болката не може да се заборави, цел живот ќе ја носиме со нас.




Ќе чекорам по неговите стапки, ќе одам по патот по кој што одеше тој и ќе гледам успешно да ја продолжам неговата традиција.“ изјави Огнен.

Финалистот вели дека му недостигаат „Ѕвездите на Гранд“. „Гледам секоја сабота и ме недостигаат. Кога повторно би се пријавил, Марија Шерифовиќ ќе ја земам за ментор“, вели Огнен.




Пејачот неодамна направи промена односно стана русокос, па сега за „Grand news“ откри зошто се одлучил за таков чекор.

„Сакам промени и ги следам трендовите. Почувствував потреба за промена, а воедно и подготвував нов спот во кој сакам да изгледам поразлично“, вели Огнен.




Тој вели дека некој кој сака да се занимава со естрада треба да експериментира и дека се кае што не правел промени додека бил во „Ѕвездите на Гранд“.

„Најважно е да бидете различен и луѓето да ве запаметат. Јас додека се натпреварвував немав промени и ми е криво што не го правав тоа затоа што можеби ќе поминав подобро, луѓето паметат кога си впечатлив“, изјави Здравкоски.




Гоца Тржан е една од најпопуларните пејачки на Балканот, и поради песните, настапот, но и поради нејзината отвореност. Луѓето ја сакаат затоа пшто е без влакно на јазик.

-Открив некои делови од мојата личност за кои многумина не знаеја дека постојат, но сепак апсолутно не ме познаваат.




Многумина имаат различен впечаток затоа што јас секогаш го кажувам она што го мислам и зборувам за сопственото искуство, не се обидувам да го „солам умот“ или да направам некој да биде тоа што не е или да го прави она што мислам дека е правилно“, рече таа неодамна.




Огнен е често во Белград, а така беше и минатиот месец. И додека многу мажи воздивнуваат по Гоца Тржан, тој се сликаше со неа и ја објави сликата токму на нејзиниот роденден.




Тој сега се сликаше со уште една згодна Србинка, а тоа е добрта пријателка на Калиопи, Милица Тодоровиќ. Овој пат, тој ја пречека Милица во Струмица, каде што настапуваа и двајцата.

Претходна статијаТатјана Лазаревска стана кошаркарка, ќе одмори од пеењето, Маријана ѝ упати важна порака (ФОТО)
Следна статијаДарко Лазиќ откри која голема српска ѕвезда му тутнала 1.000 евра во кошула додека пеел