Ќерката на Исидора Бјелица откри што било посебно кај нејзината мајка

0

Исидора Бјелица беше позната писетелка и мотивационен говорник, таа едноставно беше инспирација за многумина. Пред точно една година, таа ја загуби битката со боле-ста.




Исто како и нејзината мајка, ќерката Вила е голем борец, па и покрај неописливата бо-лка, таа се обиде да продолжи со својот живот, и своите успеси да ѝ ги посвети на Исидора.




Меѓутоа, денес таа е неутешна, скршена од болка, бидејќи помина една година од загубата на мајка ѝ која ѝ беше голема подршка во животот. Инаку, таа има и брат по име Лав.




Вила Еванчелина Пајкиќ, заедно со нејзиниот брат и таткото Небојша, беа голема поддршка за нејзината мајка за време на борбата против сериозна болест.

Сепак, и покрај нејзините напори, Исидора ја загуби битката за живот и ги напушти своите најблиски пред точно една година.




Нејзините деца, големи борци, продолжија да живеат, редејќи успеси со кои нивната мајка ќе биде крајно горда.

Меѓутоа, денес, нивната болка е немерлива, а Вила Пајкиќ на својата мајка и посвети емотивна порака со серија фотографии, кои ги претставуваат најубавите моменти од животот на Исидора.




„Најмногу од се, засекогаш“, напиша Вила, опишувајќи ја љубовта кон својата мајка.

Инаку, Вила Пајкиќ студира Моден дизајн, таа е успешна студентка и дава се од себе за да ја оправда довербата што нејзината мајка неизмерно и ја дала.




– Јас сум уметнички тип, како дете најмногу ме интересираше да цртам. Моите родители забележаа рано, тие беа свесни дека нема да се најдам во повеќето училишни предмети.




Тие чекаа време за студирање и конечно да почнам да правам работи што ми овозможуваат да се изразам онака како што сакам.

Мајка ми, исто така, го најде факултетот каде што моментално студирам – еднаш рече за “Хелоу!” и додаде:




– Таа секогаш ме поддржуваше. Таа ме советуваше да бидам своја и слободна. Таа сакаше да го правам она што ме прави среќна, а фактот што избрав да се занимавам со дизајн беше особено пријатен за неа.

Беше среќна што ми ја пренесе својата љубов кон уметноста и модата – рече таа.

Претходна статијаСања од „Брза кујна“ искачи скоро 1000 скали да да стаса на најромантичното место на светот со својот Томи (ФОТО)
Следна статијаМилена од Канал 5 даде поддршка на пожарникарите кои биле избркани од работа? (ФОТО)