Милена од Канал 5 даде поддршка на пожарникарите кои биле избркани од работа? (ФОТО)

0

За водителката Милена Антовска- Станковска од Канал 5 многумина велат дека изгледа одлично. Таа освен што е успешна водителка се има испробано и како манекенка на неколку модни ревии.




-Линијата ја одржувам со тоа што внимавам што и кога јадам. Не јадам доцна навечер, јадам почесто ама во мали количини. Сега моментално не вежбам бидејќи сум преокупирана со новата емисија и со семејството, но планирам во брзо време да почнам со физичка активност.




Инаку пијам многу вода и јадам многу овошје. Тоа е мојата формула за витка линија“, рече таа во Женски магазин за својата форма.

Таа е мајка на Лана Марија која е родена на голем празник и минатата година, на 28 август, Милена за својата ќерка напиша: „На денешен ден пред три години Пресвета Богородица ми даде сила и после 10 часа на свет ја донесов Лана Марија. Нека ни е за многу години денот!“.




Таа во своите статуси на Фејсбук знае да раскаже интересбни нешта, а едне од нив е по што луѓето ја препознаваат.

-Многу луѓе ме препознаваат по мојата насмевка, велат секогаш сум насмеана. Се трудам да е така и најчесто така и се чувствувам, но има и некои денови кога баш и не ми се смее, но не сум единствена и не е ништо ново за ова време во кое живееме.




Сепак кога подобро ќе размислам и нема причина оваа насмевка да се избрише од моето лице затоа што моите најблиски се живи и здрави, а тоа ми е најважно. Маана можеби ми е што често себе си се ставам на последно место“, рече таа.

Има уште еден нејзин статус што се споделуваше, а во него Милена рече:




„Не дозволувајте никој да ве земе здраво за готово! Оваа мисла во последно време често ме следи…Во моментот кога ќе се случи тоа, веќе се губиш себе, а тој или таа од другата страна зема замав и си дава сила.




Без разлика дали е за работа и во љубовта, никогаш не треба да се даваме целосно затоа што така несакајќи им даваме до знаење дека секогаш сме им на располагање и мислат дека треба да постапуваме онака како што ним им одговара.




Ниту моментите не треба да ги земаме здраво за готово затоа што може никогаш повеќе да не се повторат. Сонувајте, планирајте, реализирајте и што е најважно инвестирајте“.

Таа им даде поддршка на храбрите поранешни пожарникари од Велес, и сподели слика и од објава од Фејсбук страницата Велес на која се вели:




Благој Ѓорчевски и Боби Драскачев се Велешките херои кои помогнаа во гасење на пожарот во Кочани. Иако се поранешни пожарникари, тие решија на сопствена инцијатива да помогнат во гасењето на пожарот во Кочани.
Заслужуваат почит и награда!“.




Но, еден коментар под објавата на водителката вели дека Благој и Боби се избркани од работа, на што Милена искоментира: Ако е ова вистина, страшно е. Коментарот вели:




-Не се поранешни пожарникари, туку професионалци кои власта ги избрка од рабпта за да прими свои полтрони. Боби ми е братучед, а Благој ми е многу добар пријател. Наместо награда, вратете ги на работа!

Претходна статијаЌерката на Исидора Бјелица откри што било посебно кај нејзината мајка
Следна статијаГо нема возот, не знајме кога че дојди: Неверојатно патешествие на познатата новинарка