Кунгуловски: Кај заразените со Делта сојот се детектира 1000 пати повеќе вирус

0

Делта сојот на SARS-CoV-2 веќе доведува до нови бранови во Европа. Во Македонија, врвот најверојатно ќе го достигне на средина на Септември..




Делта сојот е позаразен: Потребно е пократко време од контакт до PCR позитивен резултат при инфекција со делта сојот. Ако со изворниот сој просекот бил 5.7 денови, со делта сојот е 3.7 денови.




И тоа со делта, околу 12.5% стануваат позитивни после 2 дена, 27% после 3 дена, 20% после 4 дена, 24% после 5 дена и останатите после 6 или 7 денови.

Кај заразени со делта сој се детектира просечно околу 1000 пати повисока концентрација на вирус отколку со изворниот сој. Што ова значи за периодов?




Бидејќи времето од контакт со PCR позитивитет е намалено и бидејќи концентрацијата на вирус е повисока, ќе треба АГ РЕС -ИВНО следење на контакти и изолација на зар азените и нивните контакти.




Исто така одговорност и на населението коешто нема решенија, ама има сознанија за контакт со позитивен или за појава на симптоми.

Бидејќи концентрацијата на вирус е повисока, таа спаѓа во опсегот на детекција на рапид антигенските тестови. Значи 70-80% од PCR позитивните би се детектирале и на рапид антигенски.




Ова ќе овозможи побрзо тестирање и скрининг на населението. Што значи ова за вакцините?

Вакцините сеуште си ја вршат својата работа. Во зависност од вакцината, ризикот за зараза е 10-20 пати намален во споредба со невакциниран (непрележан).




Значи луѓето се уште може да се заразат, посебно тие што се во постојан контакт со заразен, ама веројатноста е дра матично намалена..

Вакцинираните покрај тоа што имаат помала веројатност да се заразат, доколку се заразат имаат помала шанса да заразат некој друг.




Вакцините се уште си ја вршат својата работа. Во зависност од вакцината, ризикот за сериозни симптоми и см -рт ен исход е десетици можеби и стотици пати намален во споредба со невакциниран (непрележан).

Пример ако кај невакцинирано население би имало 20 см рт -ни исходи, кај вакцинирано би имало 1.




Неопходно е приоритетно вакцинирање на постарото население и населението со коморб идитите. Така ќе се намали бројката на сериозно болни и бројката на см -ртни исходи.

Со понатамошна вакцинација и евентуално трета доза, ќе може да се намали и ланецот на трансмисија. Така ќе се сузбие пандемијата.




Нема друг начин, само вакцини, редовно тестирање и одговорност.“

Претходна статијаСе сеќавате ли на Дивна Пешиќ – таа во САД успеа да направи нешто што на многумина не им успеало
Следна статијаСо маж ми работиме во Германија, ама тој сака да глуми боем – ќе го вратам во Скопско Марино жими се