Италијански полицајци станаа херои откако јавноста дозна на кој начин успеале да го утешат осамениот брачен пар во Рим. Оваа приказна која се случи неодамна во Италија, ќе добре длабоко во вашите срца.
Полицијата добила пријава дека некој непрекинато плаче и вика во еден од становите, а кога пристигнале на спорната адреса, ги пронашле 84-годишната Јола и нејзиниот 94-годишниот Микел, пишува Хафингтон Пост.
Парот немал деца, а со оглед на тоа што и најблиските соседи неодамна им се иселиле, тие се чувствувале премногу осамено и заборавено. Но, за среќа, тука настапиле четворицата полицајци..
Кога пристигнале, го затекнале брачниот пар во солзи и очај поради сите cтpашни вести кои се случуваат во светот. Римските офицери останале со нив и започнале да ги прашуваат за нивниот заеднички живот.
Двојката почнала да им раскажува за животот во изолација, особено во летните месеци, кога нивните соседи токму поради пандемијата си заминале од таму. Полицајците прашале дали може да погледнат што имаат во кујната, каде пронашле едноставни состојки.
Немале којзнае што, но од обични намирници приготвиле многу убаво и вкусно јадење. На парот им понудиле да им зготват тестенини со путер и сирење. „Ништо посебно“, напиша полицискиот оддел на италијански јазик на својата Фејсбук страница:
„Ништо посебно не ставиле во јадењето, само една скапоцена состојка, а тоа е нивната хуманост“, напишаа тие. Осаменоста и маката не се кpивично дело, а полицајците откако дојдоа на местото и увидоа дека нема никакво дело, можеа едноставно да си заминат.
Но, тие наместо тоа, одлучија да останат и да им прават друштво на осамената двојка. Одделот ја сподели приказната на парот со две фотографии од мажот и жената, кои биле во брак цели 70 години, како ги јадат приготвените тестенини, додека полицаецот во позадина мие садови.
Постот беше напишан со особено поетска способност и допре до срцата на многумина. Ги опишува Јола и Микел како седат сами дома пред телевизорот, како единствено друштво. А сите лоши вести кои ги слушаа, беа премногу за нив за да ги поднесат.
„Понекогаш осаменоста се преточува во солзи. Понекогаш е како летна бура. Доаѓа одеднаш и во еден миг се излева сета“, се вели во објавата. Јола и Микел се сакаат. Но, кога осаменоста е товар на срцето, може да се случи да ја изгубат надежта“.
Осаменоста кај постарите лица е сериозно физичко и емоционално здравствено прашање и влијае не само кај оние кои живеат сами. Една студија од 2012 година на Универзитетот од Калифорнија, Сан Франциско, покажа дека 43% од постарата популација се чувствуваат осамено, а само 18% од нив живееле навистина сами.
Објавата на римската полиција беше споделена близу 27 000 пати, при што имаше илјадници коментари кои не останаа рамнодушни на убавата, но потpеcна приказна. Многумина ги пофалија полицајците, за нивната промисленост, а имаше и такви кои пројавија интерес да дознаат каде може да го најдат овој стар брачен пар и да им помогнат во нивната осаменост.
„Благодарам“, едноставно напиша една жена. „Вие сте вистински херои“.