Александра од Брза кујна никогаш не изгледала поубаво, еве зошто (ФОТО)

0

Александар Илиевска стана доста популарна откако го водеше шоуто Брза кујна. но таа има долг новинарски и водителски стаж и пред кулинарското шоу.




Таа е сега мајка на малата Сара, а додека беше бремена, за Рингерака изјави:

-Современиот начин на живот ги поместува границите за основање на семејство. Оптималното време кога жената треба да остане бремена е кога емоционално, ментално и финансиски е подготвена, а тоа се разликува од жена до жена.




Дали навистина постои вистинско време… Како што излегува, секој што ќе го прашате ќе ви даде поинаков одговор. Да се биде во можност да создадете живот е еден од најубавите подароци што им се дава на жените.




Сметам дека никогаш нема да сме целосно подготвени за сé во животот, а во многу наврати животот ни докажува и покажува дека не секогаш работите можеме да ги планираме.

Најдобро е да уживаме во сé што ни се случува и кога ни се случува бидејќи некои работи во животот едноставно требало да се случат кога тоа бил вистинскиот момент.




Бременост, брак, купување на кола, стан или што и да ви е во моментот на ум… Секогаш барајте позитивни работи, па дури и во негативните исходи, бидејќи каде што е застапена црната боја, секогаш се надополнува белата за баланс.




Верувајте им на интуицијата и срцето, тие никогаш нема да ве излажат. Секогаш имајте резервен план. Кај нас бременоста се случи природно кога најмалку очекувавме, во интересно време за нас и за светот, во време на пандемија.

Играјте ја играта на животот правилно, а тоа е никогаш да не се откажувате од вашите соништа“, рече таа во ringeraja.mk и потоа зборуваше за тоа каква домаќинка е и дали и таа готвела во Брза кујна со шефовитер Марк и Никола.

-Кифличките ги направив јас и беа навистина многу убави и за очи и за душа. Мојата баба ги подготвуваше најубавите пити и домашни кифлички.




За жал бев многу млада и не ни бев свесна колку значи да превземете знаење од некој што е маестрален во одредена област, но ете денес учам од итернет, мојата мајка, свекрва кои се идентично одлични, а секако најбрзото училиште за мене лично се извондредните Марк и Никола.

Во овој период, бидејќи сум најголемиот дел од денот дома често готвам и сакам да имам разноводина исхрана, храна богата со витамини и минерали – овошје, зеленчук, компир, секаков вид житарки, ориз, пченица, мусли, месо и риба. Рибата дефинитивно ни е често на трпеза, ја сакам и да ја подготувам и да ја јадам во овој период“, рече таа.




Откако ја роди Сара, Александра во Женски магазин раскажа:

– Се трудиме смирено и нежно да ги реализираме сите слатки обврски во текот на денот колку и да сме уморни. Полека ги учиме да ги разликуваме видовите на плачење. Секој ден и овозможиме изобилство на пријатни звуци, тоа што моментално не разбира никако не значи дека не ја препознава нежноста и убавата музика.




Бидејќи најдобро гледа на оддалеченост на која е нашето лице кога е во прегратка, па така ова и е најчеста позиција кај мама или тато, а во текот на првиот месец ни ја подари и првата насмевка!

Не постои поголема жртва на светот од онаа што нашата мајка ја прави за нас. Всушност, таа е најдобрата жена во нашиот живот. Таа е наш водич, учител и е одговорна за она што сме ние денес.




Било да сме тажни или среќни, таа е секогаш покрај нас, дарувајќи ни безусловна љубов.

Мајчинството ме потсети и научи на тоа што е мојата мајка за мене, да во иднина јас бидам најдобрата за мојата Сара. Во животот не постои посуштинска и повечна улога од мајчинството“, рече Александра.




Таа често споделува слики со својата ќеркичка, но и самата. На последната, во која е облечена во бел летен фустан изгледа одлично. Александра откако стана мама се разубаве, секоја чест.

Претходна статијаСлавица Ќуктераш повредена, не гледа на едното око (ФОТО)
Следна статијаПознатиот новинар Слободан Трајковски кој си замина од овој свет вчера, имаше една неостварена желба, ова го напиша пред да си замине