Познатиот новинар Слободан Трајковски кој си замина од овој свет вчера, имаше една неостварена желба, ова го напиша пред да си замине

0

Познатиот новинар Слободан Трајковски вчера си замина од овој свет. Тој беше долгогодишен новинар, дипломиран правник и поранешен директор на Македонската радио телевизија.




Трајковски беше именуван за генерален директор на МРТВ во јуни 1996. година, од страна на Собранието, по разрешувањето на Мелпомени Корнети. Во телевизијата работеше од 1969. година. Во јуни 2010. година си замина од телевизијата.

Во матичната куќа, во Македонската радио телевизија тој помина 40 години и обучи многу млади новинари. Новинарката Ана Пановска за него напиша емотивна посвета:




-Слободе! Така го викавме. Со него поминавме долг пат во телевизијата, нашата ТВ Скопје, подоцна МТВ. Требаше овој месец повторно заедно да седнеме во студио и да се потсетиме на деновите од пред 30 години кога се прогласи независноста на Македонија.




Одличен новинар во надворешнополитичката редакција, уредник, директор. Другар и колега, со дух кој јасно се читаше од неговото лице.

Во овие горештини баш пред некој ден се потсетив на летото кога тој како директор и јас како одговорен уредник решивме неколку дена двајцата да го водиме дневникот за да ги одмориме од жештините водителите.




Веќе не така млади, пред да почне дневникот, нè дадоа двајцата во кадар. Кога го виде кадарот, просто се загрцна од смеење: Леле, Ано! Како да сме од серијана ,,Ало, ало”! Јас – Рене, со мустаќите, ти – Едит, со пунџата.

Беше многу духовит, но и крајно темелит во работата. Имаше став и свое мислење и знаеше до крај да ги брани и да ги докажува.




Имавме бескрајни творечки разговори и бурни полемики, со кои си го остревме умот и кои ќе останат во моето паметење. Поч ивај во мир, Слободе“, напиша Пановска.

Еден од последниве статуси на Трајковски на Фесјбук е посветен на неговата ќерка Неда, која живее во Канада. Трајковски напишал дека се надева оти ќе се видат следната година.




Мојата ќерка, магистер Неда Трајковска Тодоровска ,денеска,на 29 јули си го слави роденденот. Лавица .

Со сопругот Иван Тодоровски,од Торонто прославуваат во Монтреал,еден од најубавите градови во светот,како спој на францускиот шарм и модерна Канада.




Со гордост го носи омиленато летно здолниште на мајка ѝ ,Биљана Грујоска Трајковска.

Честит роденден ќерко моја, да си жива, здрава и енергична, како секогаш. Гордост си ти и твоето семејство на сите нас, најблиските во Македонија.




Уживај на твојот ден ! Те сакаме и те очекуваме идната година.“, напиша тој за својата ќерка.

Претходна статијаАлександра од Брза кујна никогаш не изгледала поубаво, еве зошто (ФОТО)
Следна статијаОткако Русинката лом го направи Милош Биковиќ, се огласи уште една негова бивша и ја подржа, а реагираше и актерот