Пејачката Ленче Кукиќ е долги години на нашата фолк естрада, позната по своите песни и начинот на изведба. Таа е сопруга на музичарот Горан Кукиќ.
Таа неодамна изјави дека ѝ е многу мило што во Белград на улица ја препознаваат од шоуто „Никад није касно“, каде што учествуваше со својот сопруг, Горан Кукиќ, кој е и победник на ова музичко натпреварување.
Секогаш си веле: Дали е тоа вистинскиот момент? Но, навистина бил вистинскиот момент. Сепак, јас налетав на коментари дека не сум требала да одам, но тоа во мојата глава е промоција за било каде. За мене тоа беше како лото.
Потоа, Ленче и за нејзината победа во шоуто, во 2019 година, и за тоа кога со нејзините изведби го расплакувала жирито.
– Јас таа 2019 година доживеав голема радост и голема тага. Тоа гледачите преку екраните не можеа да го дознаат, бидејќи јас таа 2019 година ја изгбив мајка ми.
И некако, не бев свесна дали тоа на мене ми се случува, и некако го издржав тој период на радост и на тага.
Зборуваше и за бакшишот и за тоа дека заработката на секој човек е релативна работа, во зависност од тоа кој колку троши и кој колкави трошоци има.
– Јас секаде каде што настапувам, јас никаде и никогаш не сум отишла да им кажам на луѓето да ми дадат бакшиш. Тоа е невозможно.
Ние ги благословуваме луѓето кога ќе ни дадат бакшиш, им велиме: да ви даде Господ уште повеќе, дека ни тие ни дале нам“, рече Ленче.
Но, таа неодамна прозборе за тепката борба со вирусот и во Фокус раскажа дека таа ис опругот едвај се спасиле.
Страшно искуство… Преживеавме моменти опишани во песните, ни на јаве, ни на сон… Буквално, како да бевме во два света.
Во тие моменти, всушност немавме време да размислуваме дали ова е крајот, едноставно се препуштивме на Господ.
Вака за ,,Фокус” ја опишува борбата со корона вирусот фолк пејачката Ленче Кукиќ, која заедно со нејзиниот сопруг, музичарот Горан, по петнаесет дена на кислородна поддршка и неколку месечно опоравување, повторно му се враќаат на нормалниот живот.
-Цели петнаесет дена бевме на кислород со Горан. До толку ни беше лоша ситуацијата, што еве и по неколку месеци, ние се уште закрепнуваме. Да се опоравиме, па потоа и ќе се вакцинираме.
Сега се трудиме со здрав начин на живот да си ја вратиме силата, полека се движиме напред, во добар правец.
Овој вирус е навистина непредвидлив, народот мора да биде внимателен, да се заштити – вели популарната пејачка.
Сега, откако се помина, таа и Горан повторно ги огреа сонце, а еве што ги излечи. Тоа е песната. Горан сними химна за неговото Владимирово, која Ленче гордо ја сподели на Фејсбук.
-Пред големиот празник Илинден убаво празнично изненадување.. Благодарни сме што сме дел од оваа”Химна за Владимирово”
ЛАДИМЕРЦИ ДЕКА И ДА СТЕ, ЗА ИЛИНДЕН ДОМА ДА СТЕ“, напиша Ленче.