Катарина и Перо Антиќ во љубовен танц, Тијана ги разоткри (ФОТО)

0

Катарина Ивановска, познатата манекенка која е успешна и надвор од границите на нашата држава, во интервју за Слободен печат зборуваше за својата дисциплина.




-Дисциплината со која живеам од дете ми помогна и во обврските со децата да воведам дневна рутина. Во првите 5 месеци по породувањето, не прифаќав ангажмани и тоа е период кога едноставно не сакав да се одвојувам од децата.

Таа зборуваше за нејзиниот тогашен партнер, таткото на нејзините деца, со кого откри дека не била во официјален брак.




Мојата одлука да бидеме во таков тип релација и семејство се заснова на размислување и донесување заедничка одлука да бидеме семејство на две индивидуи кои, пред сѐ, се во љубовна и во пријателска длабоко искрена релација.




Хартијата од матично во моментов не ни претставува ниту приоритет. Се разбира, некогаш кога ние ќе посакаме, тоа и ќе се случи.“, рече во Слободен печат Катарина.

Последнивце неколку месеци, чаршијата зборува дека таа е во врска со кошаркарот Перо Антиќ, но Катарина и Перо мудро молчат на оваа тема.




Перо неодамна беше гостин во емисијата „Жешко столче“ со Никола Трпковски и зборуваше за многу приватни и професионални предизвици.

И Катарина исто така гостуваше во истата емисија. И двајцата на различен начин беа прашани дали се во врска, секој во своето гостување.




– Можеби кошарка ти е омилениот спорт“, праша водителот. “Не, зошто?“, одговори Катарина.

– Се шушка дека во последно време најудобно си се осеќала во дресот со бројот 6“, беше следното прашање на Никола, а Катарина на ова му го одговори следното:




– Леле, не знам што е број шест“, и тоа го кажа низ многу смеење. Перо на слично прашање одговори на друг начин.

– Единствена девојка којашто ја прошета јавно по разводот е девојката којашто одеше по модните писти.




Дали е вистина дека каде што има чад има и оган“, го праша водителот Перо, алудирајќи на муабетите дека е во врска со Катарина Ивановска.

– Кај што има чад има секогаш оган, ама не знам за кои писти збориш. За модните? Мислам, пратам мода, колку што можам пратам мода, се нодам со модата, во Америка живеев“, рече Перо.




Катарина гопстуваше во „Бексјетјџ“ и рече дека е многу среќна со Перо и не откри повеќе од тоа. Но, сториот на Тијана Дапчевиќ од Охрид кажа многу повеќе.

Според она што го обајви Тијана како стори на Инстаграм, сношти таа супер си поминала на концертот на нејзината сестра Тамара Тодевска, во Охрид.




Тијана шерна стори како игра додека сестра и пее, но позади неа се Перо Антиќ и Катарина Ивановска како играат, а Катарина дури и го гушка Перо.

Тие изгледа дека веќе не ја кријат својата романса, па нека им е со среќа!

Претходна статијаЛенче и Горан Кукиќ откако едвај се спасија, повторно ги огреа сонце, еве што ги излечи
Следна статијаГоца Тржан прозборе најискрено за тоа каков е нејзиниот брак