Мароија Лозаноска е позната писателка и уметник која е доста успешна во својатра работа, а поддршка добива постојано од своите најблиски и од нејзиниот брат, пејачот Влатко Лозаноски- Лозано.
Таа напиша еден нов пост кој е посветен на сите празници во јануари што завршија, а во него можат да се пронајдат и нашинците од дијаспората кои по празниците се вратија назад, во земјите каде што живеат. Еве што велеше постот на Марија:
„Кога празниците ќе завршат сите ќе си заминат дома, странство, во другиот град.
Ќе си стават торба од проблеми, обврски, омраза и лаги. Кога празниците ќе завршат никој ништо нема да честита. Ќе чекаат повод, ќе чекаат причина, ќе чекаат слава или повторно празник.
Кога празниците ќе завршат ти нема да ме сакаш. Кога празниците ќе завршат ти ќе ме засакаш. Бидејќи ќе немаш потреба од нежност и внимание, оти не е празник.
Бидејќи ќе си заминат сите и ќе ти останам само јас. Кога празниците ќе завршат убавото ќе заврши. Кога празниците ќе завршат лажното убаво ќе заврши.
Лошото не ни завршило никогаш, само се прикрило. Убавото постои и без празник, на убавото не му треба повод.
Кога празниците ќе завршат ќе се вратиме на старите ние. Ќе немаме повод за дотерување, за смеење, за собирање, за сликање полна софра. Кога празниците ќе завршат ќе ставаме лајкови на туѓи објави, ќе немаме лајкови на наши.
Затоа што мислиме дека тие продолжиле да слават, а ние не. Кога ќе завршат празниците другите ќе мислат дека ние немаме време за објави, оти славиме.
Ќе стават слики од празно шише вино и две вински чаши полни со кока-кола. Кога ќе завршат празниците повторно лажно ќе се смееме и ќе чекаме викенд.
За да го испиеме кафето мислејќи дека само ние не сме поминале убаво вечерта. Кога ќе завршат празниците ќе мислиме дека сме пиеле последно за празник. Ќе мислиме дека другите се отрезнуваат од синоќашното славење на животот.
А, никој не пиел. А, никој не славел. А, никој не се заљубил. А, никој не излегол.
Само чекаат да дојде следниот празник. Да дојде Велигден, да дојде Први мај, да дојдат матурските. Некој да побара некоја за жена, некој да закаже свадба.
Кога ќе завршат празниците никој нема да празнува. Освен оние на кои секој ден им е празник. И не чекаат празник за да се веселат и сакаат.“
Марија и сега напиша една приказна на Фејсбук која е сосема вистинита за луѓето кај нас и за нашиот менталитет.
Има нешто чудно кај нас луѓето. Сакаме сè што е убаво без да ја знаеме цената за тоа.
Да е убаво, макар невредно.
Макар кр шливо. Макар со рок. Макар празно. Избираме некоја убава девојка, некое згодно момче без да ја видиме среќата наоколу.
Таа ќе ми парира на семејните средби, ќе биде згодна на патувачките слики, ќе имам убава декорација за сите веселби и прошетки. Ќе викаат постојано, колку убав маж имам.
А, нема да знаат дали се љубиме. Само да сме убави на фотографијата. Без ниедна мана.
Чудни сме луѓето. Ќе поминеме часови пред огледало. И без минута време во дамарите на другиот. Без да видиме таму колку сме убави.
Не сакам да бидеме вазна и цвеќе. Ти да си празен, а јас убава која брзо ќе овене.