Многумина приметија дека премиерот Заев го смени имиџот – тој откри кој го натерал

0

Македонскиот премиер се пофали со успесите на неговата влада во изминатите четири години и рече дека една од најважните задачи е да се спречи иселувањето на младите луѓе од земјата.




„Една од главните битки за секоја земја тука во Југоисточна Европа, исто така и за Северна Македонија, е како да се задржат младите да останат во земјата и да најдат работа затоа што загубивме многу во последните 15 години.




Ни се случи големо иселување од сите земји на Југоисточна Европа кон Западна Европа, САД и други континенти. Имаме многу успешен процес имајќи предвид дека отворивме над 100.000 работни места во последните четири години во нашата земја. Просечната плата порасна за 45%, а минималната плата порасна за 65%.




Имаме намалување на невработеноста од 24% на 16%. Но се разбира, подобрувањето на квалитетот на животот е најголемата гаранција дека младите луѓе ќе останат во земјата“, вели Заев во интервјуто за ДВ.




Деновиве Зоран Заев го привлече вниманието на јавноста поради својот нов имиџ кој веднаш влегува во очи.

Последниве денови најкоментиран е новиот имиџ на премиерот Зоран Заев, кој во овие летни денови реши да пуши брада.




ММС го праша премиерот на што се должи неговиот нов имиџ – зрелост, лабаво во летните денови, ги следи светските трендови на мажите или, пак, можеби дефинитивно вака во иднина ќе изгледа.




Па нека се коментира слободно. Како и секој маж, така и јас, малку да го одморам лицето во текот на летото. Летен имиџ. А сакам да ја исполнам желбата на синот.

Последниот викенд бев со нив, не се бричев и малку ми порасна брадата. Син ми рече: Тато, остави ја малку брадата, никогаш не сум те видел со брада, остави ја малку, па потоа ти одлучи си!.




Така да, идејата дојде од синот и сакам да му ја исполнам желбата. И убаво е, штедам 20 минути наутро. Веројатно со годините е и зрелост ама полесно е – рече Заев за ММС.




Откако е премиер Заев втор пат внесува новина во неговиот имиџ. На последните избори во хотелот „Белви“ каде беше сместен штабот на СДСМ, по прогласувањето на победата тој пред медиумите за прв пат се појави со очила. И тогаш јавноста мислеше дека очилата се дел од неговиот имиџ, не потреба.




Е, очилата се веќе со годините. Очилата ми се веќе потреба и си ги носам постојано со мене – рече Заев за ММС.

Претходна статијаПо изјавата на Веља Невоља дека имал контакти со Вучиќ, се огласи претседателот: Во живот никогаш не сум го видел тој човек
Следна статија(ФОТО) Ретко кој знае дека фолкерот Душко Георгиевски долги години е во брак со македонската водителка