Македонската пејачка со руско потекло Викторија Лоба бевме во карантин поради пандемијата, не престана да биде физички активна односно да практикува јога.
Таа на „Инстаграм“ ја праша дали вежба посебно во ситуацијата, а Лоба одговори:
„Вежбам јога онлајн 3 пати неделно и плус неколку конкретни вежби за зацрвстување на телото“ напиша пејачката во описот на фотографијата каде прави пози на јога.
Со ова можеби таа ќе ги мотивира и инспирира сите кои сакаат да вежбаат во својот дом, бидејќи кога се сака се наоѓа начин.
За потсетување, Лоба не е единствена пејачка која продолжува со физичките активности, тука е и Елена Ристеска, како и многу други пејачки од регионот, објави тогаш „Вистина“.
Една од нашите најпопуларни и најзгодни пејачки во интервју за Hybread.mk зборува за својот живот како дете во руски Танганрог, преселбата во Македонија, кариерата и идните планови во однос на музиката.
Имав навистина безгрижно детство. Ги правев сите оние работи кои децата ги обожаваат во тој период, возење велосипед, играње криенка со другарчињата надвор, а голема предност ми беше тоа што бев до море, па уште една активност во која уживав беше бањањето во морето.
Тоа беше време кога немаше социјални мрежи, така што можевме вистински да уживаме во детските денови. Така беше и кога се доселив во Скопје.
Многу брзо стекнав пријатели тука. Децата многу лесно склопуваат пријателства, така што немаше време кога се чувствував како странец, осамена. Имав среќа да учам во добар клас каде што многу убаво бев прифатена.
На 17 години глумев во „Лолита“ во Драмскиот театар заедно со Александар Микиќ, Сашо Тасевски и многу други глумци. Тоа е одличен предизвик, така што доколку би добила понуда за филм, ако ми се допаѓа сценариото сигурно би прифатила.
Инаку, Викторија Лоба и бизнисменот Ѓорѓи Калешов се во врска околу шест години.
Со Ѓорѓи се запознавме пред пет години. Тогаш „пролета искра“ меѓу нас. Сега се надополнуваме. Ние сме како јин и јанг. Потполно различни, а сложни. Од мене тој ја учи смиреноста, а јас од него амбициозноста – изјави Лоба за Ѓорѓи.
Поради пандемијата на вирусот, Лоба мораше да ја откаже закажаната свадба со Ѓорѓи. Оваа информација ја откри токму Лоба во едно интервју.
Инаку парот веќе подолго време живее заедно, а пејачката се пофали со веренички прстен пред повеќе од две години.
Минатата година, Лоба и Ѓорѓи уживаа во патувањето во Мајами. Пејачката која има многу следбеници сподели неколку фотографии од нивното патување на социјалните мрежи, а потоа беше и во Дубаи.
Се гледа дека оваа девојка навистина ужува во животот каде и да оди, па затоа е често на плажа, како и деновививе.
Сега Викторија е на одмор на грчкиот остров Скијатос, со својот сакан и со пријатели и уживаат во топ вила со базен. Викторија ретко го покажува Ѓорѓи, а тоа го стоир овој пат објавувајќи слика како уживаат на базен.
Но, таа ги покажа и своите убави нозе, и тоа на плажа што придонесе за многу лајкови од обожавателите.