(ФОТО) Како нежна самовила – првата дама во Охрид, со својот изглед ги натера сите да гледаат во неа

0

Првта дама на Македонија, Елизабета Ѓорѓиевска сè повеќе го привлекува вниманието на јавноста, пред сè со изгледот и префинетиот избор на гардероба, нешто што не беше одлика на поранешните први дами. Или барем не во толкава мера.




Сопругата на Пендаровски работи на Клиниката за детска и превентивна стоматологија и е професорка на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје, но е позната и по својата хуманитарна работа.

-Она што најмногу ме погодува се многубројните пораки на луѓето кои имаат проблеми, засегнати се од бол-ести, невработени или погодени од сиромаштијата.




Знаев дека ги има многу, но сега имам поинтензивна комуникација токму со ранливите групи. Луѓето ми се обраќаат за помош и за да ме запознаат со комплексноста на нивните проблеми.

Од позиција на сопруга на претседателот на државата, честопати сум немоќна формално да помогнам, но секогаш можам да ги ислушам.




Со добар збор и човечки пристап да помогнам во застапување на послабите и да се обидам да се ангажирам со сите сили за наоѓање решение. Тоа многу им значи на луѓето.“, изјави таа во едно интерву за Женски магазин.




-Растев во скромно семејство. На моите родители секогаш им беше најважна нашата среќа и даваа сѐ од себе да ни обезбедат безгрижно детство. Беа доста строги, но тоа ме научи на самодисциплина, трудољубивост, работа и грижа за другиот“, рече таа во истото интервју.




Потоа, искоментира како го запознала својот сопруг, Стево Пендаровски, а искоментира и за нејзиниот стил на облекување.

–Со Стево се запознавме преку заеднички пријатели. Тој имаше особини кои ги ценам кај луѓето: чесен, сочувствителен, непосреден, духовит и интелигентен. Или, едноставно кажано, добар човек на кој можев да се потпрам и во најтешки моменти.




Сметам дека облеката одамна не служи само за да го покрие нашето тело, туку преку неа треба да се потрудиме да испратиме и некаква порака“.

Пендаровска пред два месеци блесна во сиот сјај на аудиенцијата кај Папата Франциск, кога Претседателот Пендаровски му подари фудбалски дрес од нашата репрезентација.




Почитувајќи ги строгите протоколи за дрес-кодот, Првата дама носеше црн формален костим со долги ракави и вел со кој се покрива главатa, потпишани од истакнатата креаторка Лидија Георгиева.




Потоа, минатата недела на средбата со Претседателот на Хрватска, Елизабета облече интересен фустан во сина боја кој одлично и стои.

Сликите кои ги објави на Инстаграм се со првата дама на Хрватска Сања, а таа е облечена во виолетово сина комбинација.




Шефот на државата Стево Пендаровски и првата дама Елизабета Ѓоргиевска, вчера беа дел од свеченото отварање на шеесет и првото издание на „Охридско лето“.

Во Античкиот театар во македонскиот бисер, сопругата на претседателот се појави во елегантен смарагдно зелен фустан во кој наликуваше на самовила.




Фустанот ја истакнува убавата фигура на Елизабета, а првата дама изгледот го заокружила со сандали во црна боја.

Претходна статијаВикторија Лоба го покажа дечкото, но покажа и нешто друго (ФОТО)
Следна статијаОва е внуката на легендата Љубиша Самарџиќ, вистинска убавица (ФОТО)