Ирена Спасовска, Адрија Алачки и Горан Алачки беа интересна појава на домашната фолк-сцена од 1987 година до 1994 колку што работеа како трио: Адријана, Ирена и Горан.
Адријана Алачки, и Ирена Спасовска како вокали и Горан Алачки на хармоника, но и како композитор на повеќето нивни песни беа составен од дел од речиси сите фестивали и манифестации на крајот од осумдесетите и почетокот од деведесеттите години.
Беа познати по песните: „Денес свадба се прави“, „Доста ми се твоите лаги“, „Ова е приказна стара“ во која триото го придружуваше и Ферус Мустафов.
Ирена и Адријана беа специфични по имиџот, за секој настап беа облечени во впечатлива креација.
Дваесет и четири години откако веќе не настапуваат заедно, двете дами велат дека се уште го одржуваат пријателството. Адријана и Ирена се дружеа во еден домашен спа центар и евоцираа спомени од старите времиња, објави Женски магазин.
„Наспроти мислењето дека не сме во контакт, ние и по повеќе од 20 години ја одржуваме комуникацијата. Бизнисот ни е во различни насоки, но нашето пријателство се уште егзистира“, изјави Алачки тогаш.
Во една своја објава Спасовска сподели слика од себеси, но и од ќерка си, со која имаше повод за славење, во домашни услови.
На прв поглед, според украсеноста на нивиот дом, изгледа како Тамара или Ирена да слават роденден, но не е така. Роденден слави нивниот миленик. Ирена го украсила целииот стан во роденденски дух и напиша:
– Си славиме пет годинки на нашето милениче Луна. Да си ни живо и здраво меченце слатко што ни даваш неизмерна љубов. Среќни сме што те имаме и многу те сакаме“, објави пејачката и го покажа својот украсен дом и торта со свеќичка.
И таа и ќерката на сликите беа роденденски дотерани, а имаат дури и славенички капи.
Спасовска објави слики од себеси како ужова во разубавувањето, на козметички третман, масажа на лицето со маска. Во објавата, таа се пофали дека нејзиното лице изгледа убаво и без шминка.
Путер лице без грам шминка. После одмор, третман за враќање на сјајот и еластичноста на кожата на лицето.
Дермоабразија, со масажа и лимфна дренажа за исфрлање на непотребните тецности. Серум и хеулорон за потхранување на кожата“, објасни Ирена.
Ирена во последно време стана инфлуенсерка, по теркот на светските и на балканските ѕвезди од нејзината фела. Сите тие, сега заработуваат на овој начин.
Откако пејачите слабо настапуваат, таа на Фејсбук рекламира разни производи кои ги конзумира и во кои ужива.
Станува збор за здрави напитоци, салони за убавина, ресторани, салон за мебел, па дури и кломпи.
Сегам, пејачите им се вратија на настапите, а Иренче настапува со полна пареа. Ирена редовно објавува реклами за тоа каде пее денес, утре, а објваи и видео каде што пее народна српска песна. Она што е за изненадување е тоа дека Иренче е ептен облечена на сликата.
Ни трага од деколтето по кое е позната и сите ѝ завидуваат. Но, на Фејсбук објави една од оние нејзините профи фотки каде што адутот ѝ е во преден план.
Видеото од Ирена како пее, погледнете го ТУКА.