Тамара ли е, Мадона ли е – пејачката во транс на настап, се расоблече како никогаш досега (ФОТО)

0

Тамара Тодевска, една од нашите најпопуларни пејачки, која на Евровизија во Израел во 2019 година го освои седмото место со песната Proud, гостуваше во Јутјуб емисијата Жешко столче со Никола.

– Биди благ те молам, стара сум веќе не можам да поднесам“, го замоли Тамара водителот на почетокот од емисијата, и го замоли да не ѝ поставува многу провокативни прашања.

Тамара најави дека во моментов во студиото на Лазар Цветковски снима нови песни со модерен звук што мириса на нејзинот стил.

Тамара откри дека е многу талентирана за сликарство, и како мала имала добиено награди на натпревари по цртање, па се пошегува на нејзина сметка: „Сигурно сум била втора“.

Раскажа и дека имала свои изложби, и сега на своите деца сака да им пренесе љубовта кон цртањето.

Потоа муабетот ги наведе на еден од најголемите нејзини хитови, можеби и најголемот „Тажна љубов, среќна песна“.

„Велат дека хитовите се прават еднаш во десет години. „Тажна љубов, среќна песна“ беше во 2014, и имав уште некое време да стигнам до уште некој таков хит. Жал ми е што не направив спот, не знам што размислував тогаш.

Не дека не ми е омилена, предосадна ми е. Не можам да ја слушам. Ја имам препеано и ми е дојдена преку глава, ама далеку од тоа дека јас не ја сакам.

Сите мои песни си ги сакам, но дали дека ми е преслушана, кога ќе ми кажат за „Тажна љубов“, превртувам со очи, и викам- аман више со таа песна“, изјави пејачката.

Потоа, водителот ја праша: Дали ти прости народот откако ја истетовира химната. На ова, Тамара му одговори:

„Не беше тоа поентата воопшто, да ми простуваат, едноставно, едно сабајле се разбудив, му се јавив на Горан Мичиќ и му реков: Сакам да ја истетовирам химната. Он ми рече: Ма, дали си ти нормална.

Му реков: Имам желба да си го запишам тоа на телото и да ме потсеќа на еден период од мојот живот којшто ми беше доста тежок и ми остави некоја рана на срцето“, рече Тамара и повтори дека не ѝ била намерата некој да ѝ прости, но ѝ е драго ако имало такви коментари.

Тијана и Тамара пред неколку месеци одржаа концерт, ама концерт кој беше прилагоден на „новото нормално“, онлајн, во едно студио во Србија, а можеше да се гледа преку апликација. И ги гледаше цела поранешна Југославија и цела дијаспората.

„Поздрав од Лондон, поздрав од Прага, поздрав од Франкфурт, од Црна Гора, од Софија, од Македонија, прекрасни сте, ако и вие уживате колку што уживаме и ние, супер е, беа дел од коментарите кои им ги пишуваа гледачите, а Тијана ги читаше.

Во еден момент, Тијана ѝ рече на Тамара: Мајка ти рече да не пиеш, на што нејзината помала сестра се насмевна. Тијана зборуваше на македонски, а Тамара на српски јазик, и ја испејаа „Македонско девојче“ на барање на публиката.

Тамара пред извесно време на Инстаграм одговараше на прашањата на своите фанови, и напиша дека тоа го прави додека чека резултати од тестот за вирусот. Пејачката искрено кажа дека има симптоми, а потоа објави дека е позитивна на вирусот.

Ајде малце да се подружиме дур чекам резултати, напиша пејачката. „Како успеваш да си ги поделиш обврските со оглед дека си јавна личност?“, ја праша еден од фановите. „Со добра организација на времето, сè се може.

Животно мото, ја праша еден од фановите: Биди кул и ждригај, одговори Тамара со смајли.

Таа често објавува слики од теретана, а промените на нејизната линија се видливи. Тамара беше на одмор со сестра ѝ Тијана Дапчевиќ и со децата на Тамара и синот на Тијана.

Таа се врати во Скопје и настапи во еден клуб, и ептен ја изненади публиката. облечена како што не сме ја виделе досега.

Се појавија доста видеа и слики од нејзинит настап на социјалните мрежи, а Тамара, се гледа дека е во транс од радост што повторно пее.

Претходна статијаМе викаат Иле мајсторчето, од село сум и ќе кажам – не згрешив што не отидов во Швајцарија
Следна статијаЕлена Ристеска откри кого мајка ѝ го сакала за зет (ФОТО)