Ме викаат Иле мајсторчето, од село сум и ќе кажам – не згрешив што не отидов во Швајцарија

0

Многу животни приказни и сведоштва прочитав, па решив и јас да си го кажам своето. Имам 57 години и по потекло сум од село, се викам Илија, а многумина ме знаат како Иле мајсторчето.

Сепак, на млади години поради одењето на работа во градот, тука и останав до ден-денешен. Женет сум и имам два сина од кои имам и внучиња.

Живееме заедно со едниот син во куќата, а другиот си зема стан и живее одделно. И подобро е така, сите на куп не можеме да функционираме и би имало многу повеќе кавги.

Е тоа ми се случи мене со моите брат и сестра, еден период никако не зборувавме заради семејни расправии и јас одлучив никогаш повеќе да не живеам во старата куќа. Кога почнав да работам првиот пат во една фабрика, имав доста пријатели и братучеди кои тогаш почнаа да се иселуваат во странство на работа.

Почнав да добивам секојдневни повици од нив за тоа колку е подобро и за живот и за работа таму, колку биле повисоки платите, ќе сум можел многу да заработам дури сум млад наместо тука да се мачам за малку пари.

Ме наведоа да размислувам за да заминам за Швајцарија, но јас бев сигурен дека не би сакал да заминувам во странство, некако се чувствував сигурно тука кај нас, немав некоја голема потреба. И да ви кажам искрено воопшто не се покајав. Еве ги сега некои од нив пак се вратија дома, а некои се жалат дека остануваат невработени.

За мене пак, мислам дека многу добро направив и сум задоволен од мојата работа. Се заннимавам со занает. Уште додека работев во фабриката главно се занимавав со автомобилско поправање, обнова и се што е поврзано со автолимарството.

По некоја година работење, откако научив како се работи, со помош на позајмица успеав да отворам своја работилница за автолимарство.

На почетокот работев сам заедно со помошници. Моите синови уште од мали сакаа да ме гледаат како работам и некако и кај нив се јави желба за автомобили.

Тие дури научија и други занаети, еве го едниот сега електроника разбира многу и многу полесно ги препознава дефектите кај колите.

Многу ни е проширена работилницата сега и се занимаваме со се во врска со автомобили, и поправање, и компјутерски, исправање, фарбање и сите потребни услуги.

Задоволен сум затоа што моите синови сакаа да проложат да работат со мене, криво ми е само за тоа што и покрај настојувањето не сакаа да завршат факултет. Сè дури и тие се задоволни од работата и заработувачката, за мене нема никаkов проблем.

Важно ми е што се одговорни и имам доверба дека ќе продолжат и понатаму сами да работат. Си имаат слога меѓу нив, а тоа мене ме прави среќен.

Не знам, можеби ако заминев во Швајцарија ќе имав повеќе пари, но не е сјајно никаде, а се знае, дома си е дома. Сепак се чувствувам како газда и тука, и имам доволно за сите наши потреби.

Некои од пријателите дури и ми љубоморат како сум успеал да се снајдам во нашава земја. Па се знае како, не сум учен ама трудот и работата си го направија своето.

Знаете како викаа моите “Ко ради, Бог не брани”. Е така и јас, се помачив малку, но на крај ми се исплати и фала му на Бога имам сè.

Обработи: С.С. Фото: Илустрација

Името и презимето познати на редакцијата. Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаОхрид ли е, Малдиви ли се: Познатиот музчар објави слика од која жените плакнат очи (ФОТО)
Следна статијаТамара ли е, Мадона ли е – пејачката во транс на настап, се расоблече како никогаш досега (ФОТО)