Ќерката на Здравко Чолиќ, Уна, често ги радува своите следбеници на Инстаграм со својот изглед и привлечните фотографии.
Иако нејзиниот татко, една од најголемите ѕвезди од овие простори, со години наназад се обидуваше да го сочува нивниот приватен живот, Уна сега е полнолетна и самостојно го води својот профил.
Иако ретко зборува за приватни работи, Чола откри во едно интервју дека и двете негови ќерки имаат талент за музика, но и призна дека се надева оти нема да бидат вклучени во неговиот бизнис.
“Тие се музикални, но не треба да ја имаме истата работа. Убаво е да се биде музички надарен, но тоа е доволно”, рече тој за босанските медиуми. Во истото интервју, тој објасни зошто не сакал да се фотографира со семејството во јавноста.
“Што значи да се фотографираме за насловните страници? Не ми пречи кога како семејство не фотографираат на аеродром, но да нè наместат за фотографирање, тоа не го сакам.
Сè што доаѓа во животот треба да биде спонтано. Постарата ќерка кога гледа како се фотографираат нејзини врсници и се појавуваат во весник, вели дека тоа за неа не е важно. Но, денеска кога некој нешто лајкува, тогаш се радуваат “, откри тој.
Уна Чолиќ важи за една од најпривлечните девојки на социјалните мрежи. Ќерката на еден од најпопуларните пејачи на Балканот, Здравко Чолиќ со нејзиниоте секојдневни објави постојано е во центарот на вниманието.
Нејзиниот профил има нешто помалку од 30 000 следбеници на Инстаграм, а обожава да ги споделува сите детали од животот со своите фанови.
Така беше и овојпат кога објави селфи на Инстаграм кое многумина остави без зборови. Уна позираше пред огледалото во теснa бела облека, и како и секогаш, доби многу пофалби за нејзиниот изглед.
Патем, многумина и се восхитуваат на убавината на Уна и претходно и порачаа никогаш да не подлегнува на никаква пластична операција и да остане природно убава.
Постарата ќерка на Здравко Чолиќ, како што објавивме неодамна, многу се плаши за својот татко и неговото здравје уште од почетокот на вирусот! Дури и понекогаш, како што пренесува изворот на „Скандал“, таа плаче и се жали пред своите пријателки!
– Уна е многу врзана за нејзиниот татко. Всушност, и двете ќерки ја обожаваат Чола затоа што сè им попушта и тој е слаб на нив, но Уна некако навистина се плаши бидејќи е и прво дете, а е и позрела.
Помалата Лара исто така се грижи, но е порелаксирана – вели нивниот извор и додава:
– Бидејќи вирусот трае, Уна е како на игли. Таа само плаче и повторува: Се плашам! Како ќе можам без татко ми! Ова мора да престане, го сакам нашиот стар живот, да престанат веќе овие мерки на претпазливост – раскажува изворот. Сепак, неговото здравје не е толку лошо.
– Точно, Чола спаѓа во ризичната група според возраста, но живее здрав живот, тренира, се движи и сега го чува здравјето“, рекол изворот.
Уна пак, последните месеци привлекува внимание со својот изглед, но и со интересни и тренди модни комбинации. Таа изненади многумина со провокативни фотографии што ги сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.
Имено, таа играше на картата на провокација, па позираше во костим за капење покрај морето, со облините во прв план.
Таа покажа извајан зад-ник, додека na позитивните коментари под овие објави не може да им се фати крајот.
„Каква риба“, „убава си“, „леле мачка“, се само дел од пораките што може да се најдат на Инстаграм профилот на убавата Уна, која на есен ќе наполни 20 години.
Она што е малку познато во јавноста е дека Уна има две имиња. Кога сопругата на Здравко Чолиќ, Александра, го родила првото девојче во семејството Чолиќ во 2001 година, среќните родители решиле да и дадат две имиња, па вистинското име е Уна Звездана.
Да потсетиме, во 2006 година Здравко и Александра добија уште една ќерка, Лара.