Претераа Охриѓани – не сакаа да ми послужат парче торта, бидејќи само до 12 служеле десерт без главно јадење

0

Нашиот туристички бисер, Охрид, по минатогодишната пропупштена сезона, поради добро познатите причини со пандемискиот вирус, годинава блесна во полн сјај, со желба за што подобра презентација пред домашните и странските туристи.

Охридскиот градоначалник Константин Георгиевски, во два наврата деновиве ги презентираше активностите на градските власти:

„Туристичките потецијали на Охрид денеска беа презентирани пред туроператори, истакнати туристички работници и претставници на Комората за туризам од Полска, кои престојуваат во неколудневна промотивна посета на градот.

И покрај кризата со пандемијата од Ковид 19 која го погоди туристичкиот сектор, горди сме што врз основа на добрата промоција и заинтересираноста на полските туроператори, веќе ги имаме првите добри показатели за оваа туристичка сезона.

Со два чартер летови од Варшава и Катовице деновиве пристигнаа првите полски туристи, кои ќе летуваат на охридската ривиера, а очекуваме нивниот број да се зголемува во текот на наредните месеци.

Се надевам дека оваа летна сезона ќе продолжат да функционираат и останатите авио линии од Охрид до повеќе европски градови со што ќе може да се зголеми и бројот на странски туристи, напиша градоначалникот.

-Во пресрет на туристичката сезона, интензивно се уредуваат плажите на крајбрежјето, каде што се вршеше отстранување на бесправни објекти.

Се чистеше дивата вегетација. Се посипува автохтон песок. Се засадуваат дрвја. Се поставуваат нови контејнери и садови за отпад. Се поставуваат времени тоалети
Во текот на наредниот период ќе бидат поставени, клупи за седење, монтажни соблекувални, фонтани за вода.

Во рамки на своите ингеренции и можности, Општина Охрид ќе ги обезбеди сите потребни услови за непречено користење на плажите од страна на граѓаните и туристите, напиша градоначалникот на својот профил на социјалните мрежи.

Но сепак, се чини дека одредени индивидуи во градот, како да работат против самите себе. Пред сè, тоа се некои угостители, кои во желбата за профит, си подигруваат со нервите на туристите.

Читателка која сакаше да остане анонимна, за Галама сподели што и се случило пред десетина дена во еден угостителски објект во Охрид:

-Со семејството бевме на неколку денови во Охрид. Еден ден, после плажа, одлучивме да седнеме во еден познат ресторан (во моментов нема да му го споменам името). Во прв момент мислевме да ручаме (беше околу 14 часот), но ќерка ми, прелистувајќи го менито, во понудата забележа Охридска торта.

Нејзина голема желба беше да ја проба тортата и во тој момент со сопругот се договоривме да и нарачаме парче торта, а за нас да нарачаме нешто лесно, на пример салати.

На наше огромно изненадување, кога келнерот слушна дека не сме за ручање, туку само за торта, салата и некој пијалок, ни рече дека десерт служеле само до 12 часот! Сега било ручек време…

Попусто беше објаснувањето дека тортата стои на менито, без никакво дополнување за време на служење. Веројатно политиката на ресторанот е дека во ручек време, не сакаат некој да им држи маса со десерт и салата.

Разочарани станавме и го напуштивме ресторанот и никош повеќе нема да седнеме таму. Притоа со сопругот коментиравме дека сигурно после салатата ќе одлучевме и да ручаме, но ете, келнерот практично не истера. За секогаш!

И да напоменам, ова не е правило во Охрид. Во тоа се уверивме следните денови, кога во други ресторани без проблем бевме послужени со што сакаме од менито.

Обработи: П.П.   Фото: Илустрација

Името и презимето познати на редакцијата. Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаПроф. Трајковски: Лесно може да се случи, во текот на август да се прогласи крај на пандемијата во Македонија
Следна статија(ВИДЕО) ОВА е победникот на Sвездите на Гранд – малкумина очекуваа ваков расплет