Проф. Трајковски: Лесно може да се случи, во текот на август да се прогласи крај на пандемијата во Македонија

0

Статус на Дејан Трајковски: „26.06.2021. Доколку не знаевме за потенцијалната, но многу реална опасност од Делта сојот на корона вирусот, само со анализирање на дијаграмите на дневниот број на случаи наскоро би можеле да прогласиме победа.

Иако на обичниот дијаграм во линеарни координати (на првата слика) не е толку очигледно намалувањето на дневниот број на случаи (бидејќи се одвива со сé помали дневни чекори), истиот дијаграм во логаритамски координати (на втората слика) многу поубаво го прикажува константното процентуално намалување.

Дури, во последните денови забележуваме забрзано процентуално намалување на дневните броеви. Заразувачите се сé поретки и сé подалеку од чувствителните, па имаме сé поретко ново заразување.

Доколку трендот продолжи, во текот на јули би можеле да дојдеме до просечно еден нов случај на ниво на цела држава, а потоа уште поретки, еден на неколку дена. Доколку нема нови случаи цели 28 дена (два максимални интервали на инкубација), што реално може да се случи во текот на август, би проглсиле крај на епидемијата во Македонија, барем што се однесува до британскиот, односно Алфа сој на корона вирусот.

Тоа е она што го кажуваат дијаграмите, но тие не знаат за постоењето на Делта сојот. Доколку тој пристигне во државата (научниците предвидуваат до август да се рашири насекаде), самите дијаграми тоа веднаш ќе го прикажат – најпрво како зголемување на ефективниот репродукциски број Rt, пред да се појави значително зголемување на дневните бројки.

Токму тоа се случи во Израел, па нивните здравствени власти реагираа веднаш, на првите знаци на забрзувањето, не чекајки на зголемувањето на темпото на заразување.

Јасно им е дека ако е притисната педалата на гасот, иако во тој момент колата нема брзина, наскоро и таа ќе порасне. Тука се согледува разликата меѓу луѓе кои знаат што прават и билмези (на турски: тие што не знаат).

Колку и да нé убедуваат дека ќе имаме спремен одговор на Делта сојот, јасно е каков ќе биде тој одговор, во услови на неконтролиран влез во државата. Ќе започнат да ја повторуваат мантрата дека има малку случаи („госпоѓицата е само малку трудна“), па дека ситуацијата е под контрола, дека имаме доволно вакцинирани.

Па дека има доволно места во болниците, дека тие што умреле биле секако болни и дебели, ќе воведуваат рестриктивни мерки откако ќе помине врвот на заразата и т.н. и т.н.

Јасно е дека во Израел пристигнал Делта сојот и започнал да се пренесува низ популацијата. Зголемувањето на бројот на случаи сепак е очекувано, бидејќи веќе беше научно докажано дека сите вакцини имаат помала ефикасност кон Делта сојот – некои малку помала, некои значително помала.

Затоа, еден бесплатен совет до сите вакцинирани и тие коишто допрва треба да се вакцинираат (особено со нискоефикасните вакцини): да продолжат да се однесуваат исто како воопшто да не биле вакцинирани.

Значи, покрај фармаколошките, потребни се бихевиорални, односно добро познатите превентивни мерки (одржување растојание, носење маски во затворен простор, често миење раце).

Сега е веќе јасно, против Делта сојот ниту една вакцина не дава 100% заштита од заразување (па дури ни од хоспитализација и см -ртен исход!), доколку вирусното оптоварување е доволно големо, а за Делта сојот тој праг е спуштен за неколку десетици проценти во однос на Алфа сојот.

Претходна статијаЦела Македониjа и цела Европа му аплаудира, само неговите го игнорираат (ФОТО)
Следна статијаПретераа Охриѓани – не сакаа да ми послужат парче торта, бидејќи само до 12 служеле десерт без главно јадење