Една од нашите најдобри новинарки Билјана Дебарлиева не се „мириса“ многу со нејзината колешка?

0

Дебарлиева Билјана е една од нашите најпознати ТВ презентерки. На Тв екраните е долго време и важи за најдобрите и најпочитуваните во својата професија.

Секогаш умерена, елегантна и со одлична дикција, тоа ја одликува Билјана која е сега дел од екипата на Канал 5 телевизија.

Дебарлиева личи на скромна личност и многу ретко својот приватен живот го изнесува во јавноста. За неа се знае дека е семејна жена, и дека долги години е со сопругот Јован. Нејзината ќерка Ана има 26 години, а синот Мики 16.

„Тие се во возраст кога веќе не сум во ситуација да им дозволам или да им забранам нешто, едноставно сами го прават својот избор; но со претходна добра основа што сме им ја дале и јас и мојот сопруг.

Телефонот и компјутерот се за забава, но и за извршување училишни работи и други обврски. Без нив не се може во денешно време“, има изјавено Билјана за своите деца за „Деца.мк“.

Есеноска, Билјана и нејзиниот сопруг Јован прославија 26 години брак.

„Се запознавме во Охрид, мојот роден град. За време на летниот одмор, сосема случајно се запознавме со сопругот.

Јас на гости кај моите братучетки, а тој кај неговите другари охриѓани. И така веројатно требало да биде. Од една сосема случајна средба, тоа прерасна во убава приказна која трае и денес“, раскажа Дебарлиева за Женски магазин.

За сопругот на убавата водителка не се знае многу, освен дека е вљубеник во спортот, исто како и Билјана. И двајцата уживаат во пешачење, трачање, јавање, а во зима скијање. Годишнината, Дебарлиеви ја прославија со романтична вечера.

Дебарлиева е една од оние наши познати личности што кариерата ја гради со коректен однос со соработниците и љубезен разговор со своите гледачи.

Најпознати се нејзините семејни емисии чиј автор беше во некогашната „А1 телевизија“. Многу колеги од телевизијата која згасна пред повеќе години се и сега во истата ТВ куќа со Билјана.

Една од нив е и нејзината колешка, презентерката Татјана Стојановска. Многумина двете презентерки ги поврзуваат, ги споредуваат поради тоа што и двете имаат долгогодишен стаж и се професионалци во својата работа.

Но, вистината е дека не цветаат рози во нивниот меѓусебен однос. Татјана и Билјана иако на работното место се однесуваат професионално и ги извршуваат потребните обврски, приватно не се сакаат многу.

Двете водителки со години веќе приватно не се дружат поради несогласувања кои и дветe не можеле да ги надминат.

Затоа, во последно време не можат да се видат заедно на јавни настани, и на нивните профили на социјалните мрежи нема заеднички фотографии.

Претходна статијаКој е д-р Никола Пановски приватно и која му е најголема пасија
Следна статијаНе се разведуваат дефинитивно, но Шехерезад објаснува зошто Онур и се лути