Кој е д-р Никола Пановски приватно и која му е најголема пасија

0

Микробиологот, д-р Никола Пановски е еден од тројцата доктори, покрај д-р Даниловски и д-р Нико Беќаровски, кои најмногу им помогнаа на граѓаните со совети во текот на оваа пандемиска криза.

Пановски често дава свои анализи за корона кризата кај нас и е присутен во медуимите.

„Главен ризик за инфекција со Ковид 19: Растојание помало од 2 метри; Долг контакт, 20 минути и повеќе; Зборување, кашлање, кивање, пеење за време на контактот.

Заштита: избегнувајте таков вид контакти, ако морате носете маска.

Ова се сознанија научно и стручно докажаани за сите респираторни инфекции уште пред сто години, а важат и за Ковид 19.

Ресторан, кафе бар, исполнети сите услови за пренос, особено во затворен простор“, напиша неодамна Пановски на својот профил на социјалните мрежи.

Да се подготвиме дека ова ќе трае со месеци, трпението и брзата адаптација на состојбава се единственото што ни останува.

Во Македонија вакцината ќе пристигне доцна. Со ова темпо, за година-две, ќе се инфицира половина од населението.

Сигурен сум дека идната пролет, ќе биде подобра состојбата од оваа пролет. За есента и зимата кои престојат, само се надевам, но не сум сигурен“, рече Пановски за „Фактор“ минатото лето и беше во право.

За професионалниот живот на доктор Пановски се знае доста, но за приватниот помалку. Доктор Пановски е во брак со Елизабета Пановска од 2001 година и имаат три деца.

Доктор Пановски на романтичен начин и го честиташе роденденот на својата сопруга: „Среќен роденден најмила наша“.

Од тебе бараме само повеќе насмевки, сè друго имаме. Сега си доволно возрасна да го сфатиш тоа. Јас на 50 години го сфатив“, напиша Пaновски за сопругата.

А каков е Пановски и што му e пасија кога не е на работа? За него е познато дека сака добра музика и им дава поддршка на своите пријатели музичари. Пановски е вљубеник и во велосипедизмот.

Минатото лето, тој одмараше во семејната куќа во Охрид, и извозе одлична тура: Охрид- село Мешеишта.

Во Охрид летово, Пановски уживаше и во тенис турнирите со пријателите како што се гледа на фотографиите кои тие ги објавија на социјалните мрежи.

Претходна статијаДрагана која работела на брод раскажа како си поминала и како е сега
Следна статијаЕдна од нашите најдобри новинарки Билјана Дебарлиева не се „мириса“ многу со нејзината колешка?