Таман почнаа свадби на отворено и види го времево“, се пошегува водителот Ване Марковски на својот Фејсбук профил пред неколку дена.
Ване, кој минатата година направи трансфер, од Канал 5 во Македонската телевизија во својот најнов статус порача:
– Еден ден неминовно сите ќе си заминеме од овој свет. Ти и сите што ги познаваш околу тебе. И во краткото и ограничено време помеѓу овде и таму, бројот на нештата за кои треба да ти биде гајле е ограничен.
Всушност, тие се сосем малку на број. Па, оттука, ако не водиш сметка и ако ти е гајле за се и за секого, без да избираш за кого и што ќе ти биде гајле – тогаш, пријателе, ќе го извлечеш подебелиот крај.“
Познато е дека тој е многу химана личност и пред извесно време на Фејсбук порача:
Никогаш немојте да ги мразите луѓето кои зборуваат лошо за вас. Тоа е најдобрата лекција која може да ја научи човек за да биде среќен, без разлика на тоа каква професија и да има.
Факт е дека за тие луѓе треба да ви биде жал, да ги сожалувате, па на некои кои се подготвени, дури и да им подадете рака и помогнете. А, зошто?
Затоа што среќен човек зборува и превзема работи кои зрачат со убава енергија и се полни со убави зборови и мисли , а тажен човек баш спротивното, рефлектира мрачни, лоши и одв-ратни работи, па ги пренесува на надворешниот свет, наоѓа „жртва“ во било кој што ќе му се појави во моментов на патот, а тоа е најдобар показател во каква состојба му е душата моментално и колку страда.
Затоа помогнете кај што можете, бидејќи ако не им треба помош, нема преку правење на такви работи, потајно да ви го кажуваат тоа“, напиша на Фејсбук Ване.
На ова, коментираше неговата колешка Татјана Стојановска, со која до скоро работеше заедно со него во Канал 5.
– Многу убаво кажано, чиста вистина. За жал кога ги читам коментарите на луѓево на статии објавени за било која јавна личност, можам да констатирам дека голем е процентот на несреќни, нереализирани и неисполнети во животот.
И жал ми е навистина за сите нив, и сочувствувам. За да пишуваш такви погрдни зборови за луѓе кои лично не ги познаваш, навистина треба да си мнооогу несреќен и незадоволен во животот“, рече Татјана.
Познато е дека и на неа и пречат неубавите коментари за нејзиниот приватен живот во јавноста.