Актерот Дац коментираше за протестите на ВМРО и го прашаа: Ти пораснаа рогови? (ФОТО)

0

Денеска повторно се одржа протестот на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Доста е, излези за Македонија“.

Од партијата велат дека се протестира против новиот обид за продажба на националните и државни интереси од страна на Зоран Заев и Владо Бучковски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски линковски во вестите на ТВ Алфа зборуваше за блокадите кои ВМРО-ДПМНЕ ги организира веќе втор ден, како и за барањата на граѓаните кои ВМРО-ДПМНЕ ги застапува и поддржува.

Арсовски потенцираше дека СДСМ на нетранспарентен начин преговара во име на граѓаните, а тоа значи дека нешто се подготвува, односно најверојатно Зоран Заев и Владо Бучковски подготвуваат ново предавство.

ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи тоа и токму преку ваквите блокади и протести ќе го искажува револтот и ќе се спротивставува на црните сценарија кои СДСМ на чело со Зоран Заев ги планира во наредниот период.

Доколку ваквите блокади не вродат со плод и власта да има слух за барањата на граѓаните, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе иницира институционални блокади, се со цел власта

да биде разумна и да ги слуша барањата на граѓаните, а не да владее самоволието кое што е се повеќе видливо, истакна Арсовски.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да биде во служба на граѓаните и нема да дозволи да бидат изманипулирани и извисени од Зоран Заев и неговите соработници, токму затоа остануваме на улица се додека власта не откаже од намерата за ново предавство – завршува Арсовски.

Во Скопје протестот се одржа на три локации, крстосниците пред Градска болница, ТЦ Мавровка и НИП Нова Македонија, а протести има и во 9 други градови низ Македонија.

Протестите се одржаа токму кога силно невреме со поројни дождови го зафати Скопје.

Актерот Драган Спасов- Дац кој своевремено беше и директор на Македонскиот народен театар на Фејсбук напиша кратка објава: Не им се погоди времето.

Иако Дац во објавата не кажува на што мисли, според коментарите станува јасно дека зборува за протестот.

Еден од коментарите му одговара на познатиот актер: И, ти ли пораснаа рогови сега?

Претходна статијаДарко Лазиќ раскина и со втората љубов уште пред свадбата, пријателите му бараат нова жена
Следна статијаТатјана Стојановска: Голем е процентот на несреќни, нереализирани и неисполнети во животот