Познатиот пејач Владимир Блажев – Панчо, во многу случаи на социјалните мрежи, покажал дека ја сака правдината, а исто така во многу наврати самиот тој има покренато хуманитарни акции.
Денес тој добил покана да се зачлени во група, во која е назначено дека се примаат само Скопјани и никако не се примаат луѓе од провинција:
„Сите што ме познаваат знаат дека сум локал патриот – горд Аеродромец и нормално си го сакам градот во кој сум се родил и израснал.
Ако живеам во главниот град на државата, тоа не ми дава за право да сум вообразен и да сум над сите останати жители на државава
кои доаѓаат од останатите помали градови и никогаш не сум ги навредувал по основ на кој од кое место доаѓа и како изгледа.
Или си човек или не си, за мене трето не постои! Со мојата работа ја имам таа среќа често да патувам низ државичево наше и да запознаам многу луѓе со кој сум станал и добар пријател.
Да бидам искрен во Скопје сум сретнал многу повеќе исфрустрирани и искомплексирани мамини и татини синови отколку во “провинција” како што милувате да ја нарекувате внатрешноста на Македонија, а со тоа мислите дека ги навредувате и исмејувате.
Јас како чистокрвен Скопјанец се оградувам од оваа ФБ група која според мене е страшно гнасна и навредлива.
Да, горд сум и среќен сум што сум од Скопје и го обозавам мојот гра но ги сакам и почитувам сите останати луѓе подеднакво исто како што ги почитувам и Скопјани.
Воспитан сум да сме сите исти, еднакви и да шириме исклучиво позитива и љубов. Преку стојко ми е од секакви поделби, а посебно од вакви малограѓански збирштини на квази “Скопски” “мангупи”.
Од селанец до сељак има огромна разлика, исто како што има од “провинцијалец” и до самопрогласен “скопски мангуп”“