Халид прозборе дали е во љубов со Весна Змијанац

0

Пејачот Халид Муслимовиќ беше обвинет за сериозно наси+лство врз поранешната партнерка Соња Башиќ од Велика Кладаша.

Против пејачот обвинението беше издадено во декември, а и започна судењето. Но, тој не се појави на првото рочиште.

Халид, наводно, ја исфрлил од својот автомобил поранешената девојка на која и должи, не помалку ни повеќе туку 94.500 евра, кога жената побарала да и врати дел од нејзиниот долг.

Според неа, таа не е единствената жена на која Халид и должи големи суми пари, но другите тоа го кријат и не го тужат надевајќи се дека еден ден ќе ги врати парите.

Халид Муслимовиќ не дава изјава, бидејќи се што имал ќе кажел на судењето.

-Целата таа ситуација е обична монтажа, а медиумите кои се толку заинтересирани за овој случај треба да се позанимаваат и со историјата на оваа жена и која таа е, изјави тој.

Популарниот пејач, зборуваше за неговите љубови и приказните дека имал романса со колешка. Како што вели оваа пејач во емисијата „Премиера – викенд специјал“, жените тој најмногу ги сака.

– Љубовта не може да венее. Љубовта кон жената е најголема и има најголеми турбуленции.

И тој треба да го знае ова, бидејќи има три брака зад себе. Познато е и дека овој пејач е голем заводник, но тоа не би го рекол за себе.

-Не се чувствував како заводник.

Младоста е секогаш чудна, таа е таква што заведува, и на крајот, кога ќе созреете, заведувате – објасни Халид и разговараше за неговата наводна врска со неговата колешка Весна Змијанац:

– Да појаснам, она што сакав го имав. Весна е моја пријателка. Што е проблемот? Таа тогаш беше бомба покрај Лепа Брена.

Понекогаш има деловни бариери, Весна е прекрасна дама, јас би го прескокнал тоа, не е во ред да зборувам. Јас се бранам со тишина“, рекол Халид.

Претходна статијаДебарлиева на одмор, ладното време и дождот не ѝ пречат (ФОТО)
Следна статијаПанчо: Да бидам искрен, во Скопје сум сретнал многу повеќе искомплексирани мамини и татини синови отколку во “провинција”