Гоца Тржан вели дека и по пет години брак уште лудо е вљубена во својот сопруг Раша. „Сакам повторно да се омажам за тeбе. Да ги собереме сите оние весели и позитивни луѓе кои и сега ни го разубавуваат животот и повторно лудо да се забавуваме и да направиме забава за паметење.
И да, уште сум вљубена во тебе, иако те сакам, велат дека тоа не може заедно. А може. Еве веќе со години“, напиша познатата српска пејачка на Инстаграм. Од првиот брак со Иван, Гоца ја има ќерката Лена која многу личи на својата мајка и веќе е тинејџерка, таа има 13 години.
На роденденот на ќерката, Гоца емотивно раскажа дека кога се пораѓала, за малку ќе го загу-бела животот. „Не чувствував ниту болка ниту страв што лекарите се успаничија да ми го спасат животот, само гледав во тебе со чувство на припаѓање.
Исто така гледам и денес, со гордост, со љубов, понекогаш со страв дека нешто не правам како што треба“, рече Гоца за Лена. Иако таа и Раша сакаат да имаат уште деца, за жал здравствената состојба на Тржан ги спречува во тоа. Гоца изјави дека нејзината болест не ѝ дава повторно да стане мајка.
„Имам шеќер поради нередовната исхрана и неуредниот начин на живот. Пред неколку години добив диј-абетес и држев диета. Во последниве месеци многу ослабев, не јадам шеќер и леб поради хормоналниот статус, и затоа сум многу нервозна.
Ако не ги исфрлев тие намирници, ми се закануваше дијабетес од типот 2. Затоа, Рашо и јас не моженме да имаме деца, а тоа ни е голема желба. Се надевам дека еден ден Господ ќе ни ја исполни“, изјави пејачката за „Блиц“.
Гоца Тржан пред извесно време отпатува со сопругот Раша Новаковиќ, а многумина се сомневаат дека имаат добра причина. Наводно, Гоца и Раша не се откажуваат од својата желба да станат родители. Имено, Гоца сега се огласила со својот сопруг од Прага, каде што, се претпоставува, отпатувала за да се подложи на ин витро оплодување на една од познатите клиники.
„Среќно, драги наши гулаби, ве сакаме“, „Ако сте тука за она што претпоставувам, со среќа“, „Знам дека ќе успеете сега“. Ова беа зборовите на поддршка и љубов, под фотографија направена на Стариот градски плоштад, која ја сподели Гоца на нејзиниот профил на Инстаграм.
Да потсетиме, Гоца Тржан уште од самиот почеток отворено зборуваше за ин витро оплодувањето и се обидува да му роди бебе на Раша. Но, медиумите толку многу се занимаваат со ова, што на Гоца и на Раша им здодеа.
Затоа, тие низ улиците на Прага снимија иронично видео со кое се подбиваат со љубопитните новинари. Раша глуми новинар и Гоца и вели: Ја следиме Гоца Тржан, се наоѓаме во Прага. Потоа, тој ја прашува:
– Здраво Гоца, ние сме од емисијата „Екслузив“, што имаш да ни кажеш: Како ти оди во Прага, дали остана бремена? На ова Гоца смеејќи се му одговара: А, да од….е вие малку?’, му одговара Гоца. До оваа обајава, таа го напиша следниот текст:
– Како прво, ви благодарам за убавите желби и позитивната енергија што ми ја испраќате. Тоа е бесценето. Ова е клип кој накратко го илустрира непочитувањето на границите и недостатокот на емпатија и добро воспитување со кои се соочувам со години.
Лекција на денот: почитувајте ја приватноста на другите луѓе и не пикајте го носот таму каде што не припаѓа. Однапред ви благодарам во име на сите оние кои минуваат низ истите непријатности и немаат сила да одговорат на непристојни и болни прашања. Среќно за сите вас кои сте во неизвесност и чекате. Ве сакам. И Бог ве сака, без оглед на крајниот резултат“, напиша Гоца.
Пејачката и нејзиниот сопруг Радомир Раша Новаковиќ беа гости во емисијата Амиџи шоу со Огњен Амиџиќ. Покрај нив, во шоуто беше и Зорица Марковиќ, па таа вечер беше полна со смеа и позитивна енергија.
Раша и Гоца добиле интимни прашања од водителот, а едно од прашањата упатени до 15-годишниот помлад избраник на Гоца е со која пејачка би бил ако не е со со Гоца.
Раша со смеа одговори дека тоа ќе биде Сузана Манчиќ. Во емисијата, пејачката доби и прашање поврзано со помирувањето со нејзиниот поранешен сопруг Иван Маринковиќ и дали пак би била со него ако нема никого. Гоца одговори: „Сама до крајот на три животи, до крајот на 14-от живот, сама, без никого!“.