Кристина Костова: Братучед на дедо ми, синот го запишал во средно, ќерката НЕ – да не ја учеле модерни работи

0

Предрасудите околу машки деца, женски деца на овие наши Балкански простори, постојат од памтивек и за жал, во некои средини, дури и ден денес се прават такви поделби.

Ова особено доаѓа до израз, кога родителиуте одлучуваат да го поделат имотот на децата, па така, најчесто, поголемиот (ако не целиот) дел од имотот, оди кај синот. За ќерката или ништо, или таму некое „нивче“.

Бидејќи, нели, таа оди во друга куќа! Но, што ако од таа куќа си отиде. Во денешно време, разводот на браковите е речиси секојдневие. Каде тогаш ќе се врати таа жена, а во поголемиот број случаи, мајка со деца?

Кристина Костова која на социјалните мрежи многу често поставува статуси со кои привлекува внимание, денес се осврна на уште еден деградирачки однос ком жената, кој се применувал во минатото:

„Братучед на дедо ми имал поголемо семејство. Кога во повоениот период дошло време децата да одат на училиште, ги пуштил и првородениот син и второродената ќерка.

Но, кога дошло време децава да се запишат во средно, го пуштил само синот, а ќерката не, затоа што „на многу современи работи ги учеле, а и ќерката на некој сосед откако се запишала во средно, замисли, сама си нашла момче, а не да чека родителите да ѝ најдат.“

Не му се допаѓале тие новитети и не дозволил поголемата ќерка да го продолжи образованието, иако постигнала особен успех во совладувањето на материјалот.

И така првата ќерка останала без потребното образование, додека синовите напредувале во средно, па и на факултет.

Откако ја увидел грешката, братучедот на дедо ми дозволил најмалата ќерка да го продолжи образованието, па дури и да се запише на факултет во друг град и истиот да го заврши. Впрочем, сите негови деца се со факултетски дипломи, освен најголемата ќерка.

Човекот многу набрзо си ја увидел грешката и се сеќавам кога доаѓаше кај дедо ми и со жалење зборуваше за таа негова одлука, а муабетот секогаш го завршуваше со „ама, што да правев, такви беа времињата тогаш.“

Неретко си помислувам каков ќе бил животот на таа негова ќерка, на целото нејзино семејство, ако татко ѝ не бил толку отпорен на промените што напредок значат.“

Претходна статијаМажот на Гоца Тржан кажа со која пејачка би ја заменил
Следна статијаАлександар од Охрид кој живее во Дизелдорф: Промената од Македонија во Германија не ми годеше воопшто