Александра од „Брза кујна“ откако се породи изгледа како девојче, ќерката ја подмлади (ФОТО)

0

Александра Пановска, која неколку години беше водителка на шоуто „Брза кујна“, кариерата ја започна како радиоводител на „Клуб ФМ“, а на телевизиските гледачи им стана позната преку реалното шоу „На иста адреса“.

Но, дојде до промена. Марк де Јонг, еден од готвачите во шоуто, на својот профил на социјалните мрежи објави фотографија заедно со неговиот готвач – партнер, Никола Мишковски, но и нова колешка – водителка меѓу нив.

Станува збор за Сања Савеска која е познат телевизиски лик од утринската програма на телевизија 24. Таа за брзо време ги освои симпатиите на гледачите, и на готвачите.

Водителката Александра Илиевска, на социјалните мрежи интензивно објавуваше фотографии, на кои можеше да се види дека е во блажена состојба.

Александра се породи во јануари годинава, и на свет ја донесе ќерката Сара.

Во текот на бременоста одмараше од работните обврските, а на социјалните мрежи често знаеше да ги изненади своите обожаватели со убави фотографии.

Таа се породи на 23 јануари, а убавата вест со своите следбеници ја сподели неколку дена подоцна, на 30 јануари.

Александра на својот Инстаграм профил сподели фотографија со многу подароци и балони во розова боја, преку кои соопшти дека на 23 јануари на свет го донела своето прво дете – ќерката Сара.

„Соништата навистина се остваруваат. Официјално е! Сара пристигна на 23.01.2021“ – напиша водителката покрај фотографијата.

Александра за ммс.мк зборуваше за тоа како ѝ е во улогата на мајка.

– Кога првпат ја видов чувствата и емоциите направија да заборавам на сите породилни болки, и од тој ден знам дека љубовта има ново име- Сара.

Грижата за едно кревко сушстевско ги менува жените на многу прекрасни начини, независно дали станале мајки со природно породување или царски рез, со сурогат мајка или посвојување.

Деновите се различни и што и да планирате се менува бидејќи таа го диктира темпото на денот. Помошта во овој период на пандемија е ограничена и за жал ми помага само мојата свекрва“, изјави водителката.

Таа на Инстаграм објави слика со сопругот и рече дека нејзиниот најмагичен ден е оној кога станала мајка.

Уште една нејзина колешка, Цеце Тодосовска од „Телма“ стана мајка брзо по неа, таа роди син и заедно со сопругот Столе му дадоа име Бодан.

Бодан има нешто повеќе од два месеци, Цеце  ужива во пролетните прошетки со својот син.

Двете водителки на стори се пофалија со прекрасна слика која ги стопи нивните следбеници.

Дотерани, убави, седнати во парк, со бебињата како уживаат со нив. Браво за оваа дружба на двете водителки на кои улогите на мајки им годат, што се гледа по насмевките на нивните лица.

Александра објави нова слика на Фејсбук на која таа изгледа како девојче. По породувањето, таа ја врати својата вита линија, а на сликата на која е спортски облечена, во тесни фармерки изгледа одлично.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаАнтониа и Иван вљубени како никогаш, облечени во тон (ФОТО)
Следна статијаНаташа Кочовска постави прашање кое многумина ги интересира – д-р Даниловски ги објасни сите особини на Спутник, Астра и Џонсон и Џонсон