Антониа и Иван вљубени како никогаш, облечени во тон (ФОТО)

0

Антониа Гиговска е една од нашите најсупешни и најзгодни пејачки.

Таа е во среќна врска во Иван Јованов, пејачот на Либеро бенд, и во едно интервју за „Точка“, таа раскажа како се запознале.

– Ние се знаеме одамна, само по колегијална линија. Тој знаел која е Антониа, јас сум знаела кој е Иван од Либеро бенд.

Јас имам постар брат кој игра фудбал со Иван, му одел на забави и биле блиски, па така Иван слушнал како пеам уште на 12 години кога ја објавив мојата прва преработка на Јутјуб.

Нашата приказна беше многу интересна. Додека сè уште бев малолетна, Иван ме „внесуваше“ во дискотека.

Некоја година подоцна не спои една свадба на која што јас бев повикана да ја отпеам првата песна, а Либеро Бенд и Иван ја свиреа свадбата.

Од првиот момент знаев дека сме еден за друг без разлика какви беа можностите во тој момент.“

Иван е постар од Антониа десет години и во истото интервју таа зборуваше како ги прифатила јавноста со Иван на почетокот, како реагирале на нивната врска.

– Сигурно имало многу коментари кои што јас сигурно не сум ги прочитала од проста причина што сум личност што не обрнува внимание на коментари затоа што животот што го живеам е мој и што и да направам тоа е затоа што јас сакам така да биде.

Сме имале многу проблеми на почетокот, да, многу од моите блиски не ја прифаќаа врската со Иван, но ништо од тоа не можело да влијае врз нас“, реча Антониа.

Таа, заедно со Иван штотуку се врати на романтично патување, и во тоа во Анталија, па често знеа да се пофалат со слики покрај базен или на плажа.

Иван и Антониа всушност беа дел од турата која ја организираше агенцијата Фибула, со повеќе наши познати личности.

Додека беа на одмор, Турција влезе во делумен карантин. Не работеа повеќето бизниси, а работеа само супер-маркетите и аптеките.

Карантинот не важеше за туристите кои се веќе во оваа земја, така што Антониа и Иван можаа слободно да си уживаат во убавините и во романтиката.

Парот објави интересна слика на Инста, откако заедно учествуваа во едно шоу за млади таленти, а на сликата се и двајцата во тон.

Зелената боја и на двајцата убаво им стои, а на сликата веќе зобраа скоро 5.000 лајкови.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаПејачката од Звезде Гранда призна дека земала кредит оти е во криза, а живее во луксузен стан
Следна статијаАлександра од „Брза кујна“ откако се породи изгледа како девојче, ќерката ја подмлади (ФОТО)