Д-р Несторовиќ: Не треба да бидеме дебелки – Објасни што треба да се земе после секој оброк

0

Еден од најпознатите српски лекари, д-р Бранимир Несторовиќ, откако се пензионире, многу поретко е присутен во медиумите и на социјалните мрежи. Сепак, неодамна тој се огласи за тема која засега многумина:

„Организмот сака да бидеме дебели. Имаме милион начини како да ги акумулираме мастите, а ниту еден ефикасен начин како да се ослободиме од нив. Затоа е толку тешко да се држи диета и постојано да сте гладни, незадоволни и деп-pecивни.

Многу малку се зборува за тоа. Природата ја фаворизира дебелината. Имаме докази дека оние кои се дебели во некои случаи се многу повитални“, вели проф. д-р Бранимир Несторовиќ.

Тој наведува дека пред неколку месеци бил објавен научен труд во кој се испитува с-мртноста на пациентите кои биле подложени на опepa-ција и се покажало дека умерено дебелите луѓе ум -иpaaт двапати помалку по тешката кардиохирургија отколку послабите, „затоа што природата предвидела да бидеме малку подебелки поради терморегулацијата, треба да одржуваме добра тежина.“

„Ако навистина сакате да ги избегнете ш-тетните ефекти од дебелината, тоа е навистина лесно, не внесувајте премногу калории. Неопходно е да се користат квалитетни калории, протеински појадок, што повеќе овошје и зеленчук… а да се држи с-трога ди-ета многу е тешко.

Често сакам да им раскажувам на студентите за книгата на Воки Костица „Како се изе-дов себеси“ каде тој раскажува како ја напишал музиката за филмот „Ко то тамо пјева“. На почетокот лекарите му забраниле да јаде сè – не смееш масно, не смееш вака, не смееш така, и тој со денови седел пред пијаното, и главно свирел пос-мртни маршеви.

На крајот, еден ден, му пук-нал филмот и тој „смач-кал“ цел јагнешки бут со компир, па ја напишал комплетно музиката за филмот“, објаснува докторот.

Според него, гладувањето предизвикува деп-ресија и многу е тешко да се избегнува храната, но постојат алтернативи, а една од наједноставните и најефикасните е хроно диетата.

„А тоа е нормална исхрана во текот на денот, после 6 навечер ништо, само вода, или само незасладен чај. Во последниве години, овој дводневен пост стана многу популарен, а тоа е и нашиот пост во православието.

Дводневниот пост се состои од земање 500 калории двапати неделно. Ако се знае дека на човекот му се потребни приближно 2000 калории за нормално функционирање, тоа е баш елементарно. Овесна каша, малку овошје, двапати неделно.

Најважно е да го избегнете ефектот на глад, кога копнеете по храна, сонувате за храна и одеднаш не можете да издржите, „пу-кате“ и го испразнувате фрижидерот, па се прејадувате“, советува Несторовиќ и додава дека денот кога гла-дувате, вашиот имунитет доживува неверојатна стиму-лација.

„Научно е докажано дека кога ќе изедете нешто, телото ослободува допамин и тоа нè прави среќни. Проблемот со дебелите луѓе е што тие земаат поголеми количини храна што доведува до прекумерна стиму-лација на желудникот, па тогаш сè помалку се лачи допамин и тие мораат да јадат сè повеќе и повеќе за да го доживеат тоа задоволство.

Тој ефект постојано се намалува и тие мораат да јадат сè повеќе и повеќе за да го почувствуваат ефектот на допаминот.

Сè помалку и помалку се произведува допамин во мозокот, а исто така престанува да се лачи и хормонот лептин, т.н. хормон на ситост, и тие веќе немаат чувство на за-доволство после јадењето и повторно се гладни.

Затоа не е лошо да се изеде мала количина на интегрални житарици на крајот од оброкот. Научно е докажано постоењето на хормонот наречен иризин, а токму житариците предизвикуваат синтеза на овој хормон кој го нормализира инсулинот.

Познато е дека ние сме гладни од покаченото ниво на инсулинот. Па така, на крајот од оброкот не е лошо да се испие чаша црно вино и да се изедат малку интегрални житарици, заклучува д-р Несторовиќ.

Претходна статијаБубе Јаневска изгледа како модел, се позгодна и позгодна (ФОТО)
Следна статијаЅвездата на Звезде Гранда сосема го смени личнот опис (ФОТО)