Бубе Јаневска изгледа како модел, се позгодна и позгодна (ФОТО)

0

Бубе Јаневска- Ивановска од Канал 5 е една од оние јавни личности што е активна на социјалните мрежи, но не преферира многу да објавува детали од своето секојдневие.

Сепак, понекогаш знае да направи исклучок и да објави нешто од приватноста.

Во 2014 година, убавата презентерка роди ќеркичка, чие доаѓање на свет на „Фејсбук“ го објави со зборовите „Добредојде моја мала барбико, те сакам бескрајно“. На ќерката, таа и сопругот ѝ го дадоа името Нела.

„Во деновите од викендот ги имам најубавите утра. Има ли нешто поубаво од гушкање со сопственото чедо, а ќерка ми Нела обожава наутро да се гали со мама.

Тогаш си ги правиме плановите како и каде ќе го минеме денот“, изјави Бубе во едно интервју.

За vipheart.mk таа зборуваше за својот карактер и за тоа кои особни ги сака, а кои не ги сака кај себе. „Емотивноста ме нервира кај себе, а и во одредени ситуации наивноста што во ова време-невреме им верувам на луѓето.

Иако, искреноста и чесноста се мои одлики, очекувам и другите да се такви, а за жал не се. Од карактерот мој… Па, не знам како се вика таа особина ама не си поднесувам понекогаш што мислам дека можам сè сама“, рече Бубе.

На прашањето, во кои прилики најмногу лаже, таа даде интересен одговор во истото интервју:

„Кога порано мајка ми, а сега сопругот ќе прашаат: „Пак си купила нови чевли?“.

Одговорите се два, дека штиклите ми се стари, дури од лани или дека се многу пониска цена од реалната односно евтини, па греота е да не се купат. Па која жена не лаже за штикли?“.

За Женски магазин, таа зборуваше како завршува едeн нејзин обичен ден со семејството.

„Денот завршува во кругот на моето семејство, со ќеркичката и сопругот Александар. Во прераскажување како минал денот и што се плановите за утре. Неизбежно е играњето, цртањето со Нела.

Во тоа вистински уживам и се релаксирам. Најубава глетка ми е кога ги гледам сопругот и ќерка ми како уживаат во нивната игра.

Како шлаг на денот ми е гушкањето пред заспивање со мојата принцеза. Тоа ни е секојдневен ритуал, да заспиваме и се будиме со прегратка и бакнежи.“

Бубе е посветена мајка и сопруга, но и жена која се грижи за својот изглед. Таа, откако ја намали телесната тежина личи на модел, и често знае да објави нова профилна слика на Фејсбук, на која обожавателите веднаш коментираат.

Таква беше и најновата, каде што Бубе изгледа како да позира за некој моден едиторијал, и веднаш почнаа коментари:

Прекрасна, убавица, кукла, незаменлива, но има и еден комeнтар кој вели: Убава си душо.

Со новата слика на Фејс, Бубе ги изненади своите обожаватели. Таа е се позгодна и позгодна и веќе лични на модел.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаКаролина сподели носталгичен спомен (ФОТО)
Следна статијаД-р Несторовиќ: Не треба да бидеме дебелки – Објасни што треба да се земе после секој оброк