Џокси во Србија ја испеал „На Велигден сум се заљубил“ – има силна причина за тоа (ФОТО)

0

Ѓорѓе Васиќ, алијас Џина Папас Џокси, е особено актуелен околу Велигденските празници, бидејќи, како што сите знаат, тој ја исполни безвременската ,,На Велигден сум се заљубил”.

Генерациите кои во деведесеттите години од минатиот век беа во своите дваесетти години, многу добро се сеќаваат на атмосферата пред скопскиот соборен храм, пред таа величенствена атмосфера, кога илјадници луѓе од поранешна Ванила, па се до Симпо, по Партизанска, стоеја со свеќи во рацете и го очекуваа Христовото Воскресение.

Речиси постојано, од звучниците на Соборниот храм, пред да започне Божествената Литургија, се слушаше композицијата на Џокси, а сите во еден глас ја пееја.

Галама доби ексклузивна приказна од Џокси, што му било инспирација да го напише безвременскиот хит:

„Најубавите години од животот ги поминуваш со својата баба. Таа што ќе ти зготви го јадеш со невидена сласт, па макар било и лепче со шеќер и вода, најомиленото јадење за игра со другарите на улица.

Секогаш е ведра, насмеана, со широка прегратка, со румени обравчиња само за галење, со ни грам лутина во себе, а со неа најлесно заспиваш, и како да не ја сакаш. И на крај, баба што приказни ќе ти раскаже нема никој друг на светот.

Така и мојата Уранија, на мајка ми мајка. Секогаш ја задевав за тоа каков љубовник бил дедо и зошто баш него одбрала, нели имало и други момци во селото (с. Ранци, Егејска Македонија).

Еднаш ја фатив во добрите и со она “пази да не не чуе“ (дедо ми Димитрија), ми ја раскажа нивната љубовна приказна.

Се случило тоа кон крајот на 20те години на минатиот век. Баба била многу убава жена, така што прадедото Никола имал мака од стројниците.

Најупорни биле сторјниците на дедо ми Димитрија кои по третиот обид успеале да добијат збор, а сето ова се случувало на Велигден во дворот на црквата св. Атанасиј во с. Ранци.

За нивниот живот, Уранија и Димитрија добиле осум деца. Мајка ми Гина е четвртото дете. Сите деца се родени во Ранци, само најмалата тетка Љубица во Македонија“, раскажа Џокси за Галама. Љубовта на неговите баба и дедо, му биле инспирација да ја напише песната.

Џоски беше дел од македонските уметници кои успејаа да се имунузираат во Србија, а организатор на ова патување во Врање беше Ранко Петровиќ првиот човек на радио Бубамара.

-Тазе вакцинирани и многу добро расположени другари, музичари, глумци… Најголема БЛАГОДАРНОСТ до нашите НАЈДОБРИ, НАЈХУМАНИ и НАЈСПОСОБНИ соседи од БРАТСКА СРБИЈА.

„Да сте ни живи и здрави. Организирано од СПОНА – Српски културно информативни центар“, напиша Ранко при првиот пат кога се вакцинираа во Врање.

Џокси беше дел од оваа екипа која вчера ја прими втората доза во Србија, а по тој повод тој присутните ги почестил со својот голем хит.

-Успешна весела ревакцинација во Врање. Џокси ја пееше – На Велигден сум се заљубил. Благодарност до хумана Србија“, напиша Ранко на Фејсбук.

Фото: ФЕјсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаТрајче Манев: Децата се срамеа од мене, се тргнав од музиката за да ја сочувам фамилијата
Следна статијаПријовиќ со изјавата и фотката од синот ги стопи младите мајки (ФОТО)