Пријовиќ со изјавата и фотката од синот ги стопи младите мајки (ФОТО)

0

Младата пејачка Александра Пријовиќ важи за една од најстилизираните дами од регионалната јавна сцена.

Пријовиќ доминираше на последната фотографија на социјалните мрежи. Пејачката се облече целосно во црно, а особено внимание привлекоа нејзините хулахопки.

Таа позираше во црн фустан, облече салонки и сè поврза со необични чорапи за кои се зборуваше на социјалните мрежи. Веднаш следеа коментари за атрактивниот стил.

„Чорапите се врвни“, „Убава во црно“, „Лејди“, „Овие чорапи се поскапи од мојот автомобил што го поседувам“, „Сензуални“.

Ова се само дел од пофалбите што Пријовиќ ги доби на сметка на предизвикувачката комбинација.

Сепак, иако многумина сметаа дека чорапите на Прија чинат многу, може да се најдат по цена од 20 евра.

Александра Пријовиќ, која неодамна се најде во центарот на коментари токму поради брендираните чорапи, реши на својата публика да и подари два нови сингла по кои ќе следат видеа за кои, според медиумите, издвоила дури 70.000 евра.

Сè треба да биде подготвено до летото, пејачката се надева дека дотогаш ќе се смири ситуацијата со вирусот.

Пејачката планира да снима видеа на неколку егзотични дестинации, вклучувајќи ги, наводно, Малдивите, каде што не работел никој од нејзините колеги.

Извор близок до Пријовиќ откри дека песните наводно треба да бидат објавени на лето, но и дека пејачката подготвила нешто што досега не е видено на домашната сцена.

– Прија заработи само илјадници евра од авторските права на Јутјуб, па затоа не и е проблем да инвестира толку многу во нови песни.

Договорот е песните да бидат објавени на лето, бидејќи тие веруваат дека дотогаш ќе се смири ситуацијата.

Пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ се родители на момчето Александар, а доаѓањето на нивниот син комплетно го смени нивниот свет и секојдневие.

Животот на оваа славна двојка е уште посреќен од тој момент, а Александра од време на време споделува убави моменти со својот син на Инстаграм.

Овој пат, популарната Прија објави фотографија на оваа социјална мрежа на којa го гушка момчето и очигледно е дека уживаат заедно. „Те сакам“, му рече кратко.

Инаку, Александра неодамна ги насмеа сите велејќи дека нејзиниот син има девојка постара од него, па дури и ја нарече „снаа“.

Фото: Инстгарм принтскрин

Претходна статијаЏокси во Србија ја испеал „На Велигден сум се заљубил“ – има силна причина за тоа (ФОТО)
Следна статијаНауме: Кога си во дијаспора, подалеку од наши – јас би дополнил и од роднини бегај