Со него се роди вистинската јас: Калиопи раскажа важна приказна

0

Калиопои е воистина музичка дива, на која ѝ се восхитува публиката од сите генерации и од целиот ексј Ју регион.

На крајот од минатата година, на својот 54 роденден, таа објави фотографија од себеси кога била мала и напиша:

Ако мене ме прашате, не ми е грижа за годините, затоа што таа, малата Опи уште живее во мене и ќе живее засекогаш“, напиша Калиопи.

Во мај минатата година, Калиопи на својот профил на Инстаграм објави емотивно видео со својот татко под кое напиша:

„Кога бев мало девојче, најмногу сакав да гледам како татко ми се бричи … Веројатно заради неговите вешти и елегантни движења ..

Тој секогаш ќе ја искористеше мојата концентрација и фасцинација за да ми стави пена за бричење на носот во неочекуван момент за мене!

Целата среќна и насмеана, ќе истрчав кај братот и сестрата на мајка ми за да си поиграм малку кловн … И сега, после толку години, улогите се сменија … И можеби ова е многу помило и поубаво за мене ..

. Еден од моите најомилени моменти во изолација … бричење на брадата на тато … И јас се усовршив … Како да пишувам една од моите најубави песни.“

 

Неодамна, таа објави слика со уште две важни личности во својот живот, мајка ѝ и сестра ѝ. Добрата страна на пандемијата – скапоцени моменти како овој …

Ти благодарам мамо што сè уште му пркосиш на времето и што го чуваш твојот млад дух во себеси и го споделуваш со нас …

Те сакаме!“, напиша Калиопи. Калиопи од сестра си има една внука, а таа има и брат од кој има двајца внуци.

Таа во едно интервју откри што научила за време на пандемијата. „Ако некаде навистина сите сме биле исти и врзани за иста желба, тогаш тоа е сега, во оваа светска изолација“, изјави Калиопи.

Калиопи е добра пријателка со поранешниот сопруг, актерот Васил Зафирчев со кој неодамна објави слика како пешачи на скопскиот кеј покрај Вардар и напиша:

– Интелигенцијата, хуманоста, лојалноста, доверба, се квалитетите на луѓето со кои ги чекорам истите чекори низ животот и ја делам истата љубов кон вечното пријателство. Со нив уживам да поминувам километри“, објави Калиопи.

Нејзин добар пријател и соработник е и првиот сопруг, Ромео Грил, кој се уште ги компонира нејзините песни.

Тој ја напиша и незаборавната „Бато“ по која Калиопи стана позната насекаде. Пејачката сподели една интересна приказна на Инстаграм:

-Прекрасна симболика … На денешен ден 1987 година, заврши снимањето на легендарниот албум Rođeni делото на феноменалниот Ромео Грил..

Со тој албум се роди вистинската јас .. И токму денес, Music Awards Ceremony го објавува мојот настап на MAC2020 со песната „Rodjeni“ (Бато)“, напиша Калиопи и ја објави снимката од настап во Белград.

Фото: Инстаграм принтскрин, Фејсбук принтскрин

Претходна статијаПознатиот актер, миленикот на жените, си замина во манастир а таму го затекна неубава вест (ФОТО)
Следна статијаСара и Димитар семејно споделија убава вест: Само ние четворица – Марија од Лондон им постави интересно прашање