Полусвет еден, недоветен – Вена Бејби имаше што да му каже на Никола Наумовски

0

Да беше жив, македонскиот драмски писател Горан Стефановски на 27 април ќе наполнеше 69 години.

Стефановски од овој свет си замина во ноември во 2018, по кратко боледување на 66 години во Кентербери, Велика Британија.

За дописен член на МАНУ беше избран во 2004 година, а беше и долгогодишен член на Македонскиот ПЕН-центар. Стефановски беше професор на Факултетот за драмски уметности и од 2000 година – професор на Универзитетот во Кент, Англија.

Горан Стефановски е роден на 27 април 1952 година во Битола каде неговите родители работеле во Народниот театар – Битола. Неговиот татко, Мирко, бил театарски режисер, а неговата мајка, Нада, глумица.

Голем дел од детството на Горан го поминал во театрите. Негов помлад брат е Влатко Стефановски, добро познат виртуоз гитарист.

Заљубен во англискиот јазик во своите тинејџерски години низ влијанијата на Битлсите и Ролинг стоунсите, Горан се запишува на студии по англиски јазик и литература на Универзитетот во Скопје.

Сепак, тој не можел да го отстрани театарот од својот систем и ја поминал својата трета година студии на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Белград.

Дипломирал како најдобар студент на својата генерација во Скопје и се вработил во Одделението за драма на ТВ Скопје, а наскоро се вратил на универзитетот за да предава англиска литература, со посебен фокус на Шекспир.

Пред две години, во паркчето спроти Наџак/Идадија во неговото омилено Дебар Маало на денот на неговиот роденден му беше одадена почит на Горан Стефановски.

Во присуство на неговото семејство и братот, гитаристот Влатко Стефановски, како и бројни пријатели, колеги, почитувачи, актери, доајени на театарската уметност се слушаше и неговата најомилена музика.

-Тоа дрво е поставено во спомен на Горан Стефановски. Еден живот згасна, ама тука еве друг започнува. Предлагам да го викаме Горан, или Горанчо нагалено, додека да не порасне, па ајде да му кажеме: Здраво Горане.

Добредојде дрво. Се надевам дека тука ќе ти биде убаво, дека ќе пуштиш длабок корен и дека ќе бидеш среќно, рече неговиот син Игор тогаш.

Деновиве на Твитер се појави цитат од Стефановски, всушност изјава од Лајф магазин од 2008 година во која тој вели:

-Не можете вие да барате од мене да не се чувствувам како дел на најдлабокиот и најстар свет, кога Хераклеја ми е дома, кога Охрид ми е дома, кога Виа Игнација, единствениот автопат што постоел во Европа меѓу 5 и 15 век минувал покрај куќата на баба ми во Битола. Не може баш сè да е кај вас, а баш ништо да не е кај нас“, изјавил Стефановски.

На ова корисникот на Твитер го критикува нашиот познат драматург и вели: „Национа-лизам. Ама здрав. Својствен за гастрабајтер што мора да се докаже дека е постар и побогат од своите домаќини. Полн спорни историски факти“.

Актерката Весна Петрушевска реагираше на оваа објава со лутина, велејќи дека е го напишал Никола Наумовски, шефот на кабинетот на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов.

-Ти, платен од наши даноци и вработен како шеф на кабинет на градоначалникот! Полусвет еден, недоветен! Дојди кај мене во актерската школа да слушнеш како звучи Горан Стефановски кај нашите деца и колку ним им значи овој генијалец!

Ништо не ви е значајно оти не читате, не сте достојни за да говорите и да му го спомнете името! Неверојатно! Срамота!!! Притоа ова е беседа на Горан, ама па што ти објаснувам….“

Фото: Јутјуб принтскрин, Инстгарма принтскрин

Претходна статијаСестри на педијатрија мислеле дека никој не ги гледа што прават – една мајка ги разоткри
Следна статијаПрв роденден на Оливера без Балашевиќ, ќерката Јована објави емотивни зборови за својата мајка