Прв роденден на Оливера без Балашевиќ, ќерката Јована објави емотивни зборови за својата мајка

0

На денот кога Академијата за уметности во Нови Сад слави 47 години постоење, беше извршено многу благородно дело од семејството на упокоениот Ѓорѓе Балашевиќ кој го напушти овој свет на 19 февруари.

Оливера Балашевиќ, неговата сопруга на Факултетот му предаде донација во аудио-видео опрема во износ од 3.668.550 динари.

Современата технологија ќе биде значаен придонес во наставната програма на оваа институција, каде што се школуваа двајца членови на семејството Балашевиќ, ќерките Јелена и Јована.

Оливера Балашевиќ одржа емотивен говор во име на семејството, што воедно е нејзино прво појавување и обраќање во јавноста по заминувањето на „панонскиот морнар“. Таа зборуваше полдготнувајќи и со солзи во очите.

“Ви се обраќам во име на семејството. Гледајќи во овие црвени затворени куфери, кои паметат среќни моменти и аплаузи низ целиот регион, помислив колку е чуден патот по кој се движиме. Од моите три деца, две беа образовани од оваа академија.

На овој начин, сакаме да им се заблагодариме на почитуваните професори, Градот Нови Сад, граѓаните на Нови Сад и оние кои учествуваа на креативен начин на денот кога Ѓорѓе замина, кога нè напушти.

Во овие денови, кои се неописливо тешки за моите деца и за мене, како родител сакам на овој начин да се заблагодарам.

На другата страна на академската реалност на која сме изложени јас и моето семејство, има друга реалност што морам да ја споменам.

Како јавни личности, има некои шпекулации на порталите и на магазините за некој тестамент, а системот некаде не научи дека има термин оставинска постапка. „На списокот на оние што го наследуваат наследството се моите деца и Академијата за уметности“, рече Оливера.

Донираната опрема беше искористена и за промовирање на филмот на Ѓорѓе Балашевиќ „Како раниот мраз“, кој се базираше на песната „Приказната за Васа Ладачки“.

“Васа Ладачки беше вљубен во убава, но сиромашна. Мојот Ѓорѓе беше звљубен во убавата, но сиромашен, до крајот, и така ќе биде засекогаш. Ви благодарам”, рече Оливера за крај.

За првпат по 41 година, Оливера го прослави роденденот без нејзината најголема љубов. Имено, Оља Балашевиќ денес го слави својот роденден во кругот на најблиските, за прв пат без својот сакан Панонски морнар.

Постарата ќерка Јована ѝ го честиташе убавиот ден на Инстаграм, а заедно со фотографиите од 1980 година, додаде и интересни описи.

„Заминавме за Москва во 1980 година, пристигнавме во Венеција“, напиша Јована.

Потоа, објави слика од Оливера и нејзините ќерки на која напиша:  Нашата бабушка.

Ѓорѓе и Оливера Балашевиќ ја живееја својата бајка 41 година. Нивната љубов роди стотици негови песни, безброј романтични изјави и што е најважно – три деца. Многумина ја гледаат нивната љубов како една од најромантичните на овие простори, отпеана во неговите песни, овековечена во нејзините насмевки.

Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаПолусвет еден, недоветен – Вена Бејби имаше што да му каже на Никола Наумовски
Следна статијаСакам да ги предупредам Македонците, особено оние во дијаспората – како ме изиграа со авионски билет