Свекрва ми ја снимив на камера за да му докажам на оној мојон каква мајка има

0

Јас знам дека сега сите ќе речат, ете, снаа, мора да се жали од свекрва. Ама има свекрва и свекрва, луѓе и луѓе.

Маж ми е добар човек, ама многу ја слуша мајка му, па кога таа ќе му ја наполни главата, тој здивува со мене, побеснува, ми се дере, лош е кон мене, ми се лути, а неколку пати ми има удр -ено и ша мари.

Само поради сверква ми станува таков. Таа е како змија, што си ги крие нозете и тивко со шепотење му го тр уе срцето против мене.

Живееме заедно со неговите родители, не затоа што сакаме, туку затоа што немаме доволно пари за да се одвоиме. Кога се зедовме и пред тоа, таа беше љубезна и сакаше да и се додворувам и да и кажувам за се’ што се случува меѓу мене и син и’.

Но штом се зедовме тој одеднаш без причини почна да биде на -силен кон мене, груб и су -ров, а знам колку всушност тој е добар.

Сфатив дека тој тоа не го прави со своја волја, туку под сугестија на мајка му. Само еден Господ знае како таа го буцка против мене и што му зборува, но едно знам – таа е з ла жена, колку и да се претставува дека е светица.

Затоа одлучив да ја разобличам. Пред околу месец дена додека тој беше на работа, јас ја вклучив камерата да снима и го наместив телефонот така да не забележи таа.

Таа како по обичај почна да ме понижува, да ми зборува дека повторно ќе добијам  ќо тек од нејзиниот син и дека моите денови под нејзиниот кров ми биле одбројани.

Дека тој заслужува подобра и поубава жена од мене, дека тој требало да се земе со некоја богата девојка а не со чума како мене. Џабе ми бил факултетот кога слабо сум заработувала, џабе ми било се’. Ми збореше што ли уште не, а јас само си молчев, ја погледнував и продолжував да работам.

Кога се врати маж ми, право отиде во нејзината соба и како по обичај, од кај нејзе излезе весен на мене и се втури и тој да ми вика, да треска нервозно и да ме гледа луто.

Го оставив некое време да се смири, па му го пуштив видеото да го види. Го конектирав видеото на телевизорот за да може убаво се’ да види и да слушне.

Гледаше и не можеше да верува, а тогаш видов вес и солзи во неговите очи, ја зеде столицата на која седеше и ја тресна силно од земја а таа се парчоса.

Истрча мајка му изненадена, а тој само весно ја зграпчи и ја втурна назад во нејзината соба и ја тресна вратата зад него. Викаше ур лаше, се слушаа двајцата како викаат и најпосле кога завладеа молк, тој излета надвор, а таа остана да цимоли.

Се заврши како се заврши, ние сме сега излезени под кирија, живееме среќни, тој нема никаков контакт со мајка му, и конечно после три месеци пе кол со неа, сега конечно можам малку да се смирам и да уживам со својот маж.

И што е најважно, престанав да ги пијам таблетите за контрацепција, сега можам спокојно да очекувам бебе.

И.П.

Претходна статијаДраган Спасов Дац му пиша на Христијан Мицкоски
Следна статијаЛозано раскажа тажна приказна за Македонија, во дијаспората сите плачат