Спенџарска ги решава проблемите на море и порачува: Премногу го сакам човеков (ФОТО)

0

Една од нашите најпознати ТВ водителки- новинарки, Јелена Спенџарска, во последно време стана инфлуенсерка.

На крајот на минатата година, таа на Инстаграм се пофали дека инфлуенсерскиот бизнис супер ѝ тргнал.

-Мислам дека татко ми отсекогаш знаеше дека ќе бидам новинар…. Јас како мала сакав да бидам принцеза (сериозно) но тој ми велеше:

Не, таа „професија” не е за тебе, ти еден ден ќе бидеш новинар, ќе видиш….

Така потсвесно израснав со таа помисла и кога дојде ред да се запишам на факултет, немаше дилема… Се запишав на правен, отсек новинарски студии и добро ми тргна… Ништо од мојот сон да станам принцеза хах“, изјави таа во интервју за exclusive.mk

Елена едно време беше и манекенка, и се има појавено во неколку видео спотови, а за тоа време зборуваше во истото интервју.

-И покрај тоа што сум се појавила на неколку ревии, манекенка никогаш не сум била.. Можеби било тоа некоја тинејџерска желба, но никогаш не сум сакала комплетно да се посветам на таа професија. Не би можела да одберам помеѓу новинарство или водителство.

Во новинарството повеќе можам да дојдам до израз зашто креативноста ми работи 300 на саат и тука сум вистинската јас.

А, што се однесува до водителството, посебно емисијата која моментално ја работиме, тука мораш да ги смириш ст -растите и да дадеш малку посериозен пристап на темите кои што ги обработуваме.

Мораш да внимаваш што зборуваш, на било каков начин да не пов-редиш некој од гледачите, да бидеш спремен на секакво прашање или критика и да не си ставаш ништо при срце…тоа е најважното“, рече Спенџарска.

Јелена минатата година на Инста се пофали колку се променила и дека сите свои убави и помалку убави работи си ги запишува во дневник. Но многу често, таа своите мисли ги пренесува и на својот инстаграм профил.

Многумина се согласуваат дека Јелена е извонредно талентирана за пишување, што впрочем се гледа од нејзините статуси.

-Летото доаѓа набрзо, а ти уште седиш дома и размислуваш од каде да почнеш со припремите? Го правиш тоа на погрешно место!

Значи… најди ја облеката за вежбање, патиките за трчање и ајде надвор да ги активираме ‘успаните’ мускули. Се што ви треба е само малку волја за да почнете и начин да го мерите напредокот“, порача Јелена.

Летото за неа изгледа дека веќе дојде. Водителката објави слика како ужива покрај базен и тоа во Анталија и порача: Нема таков проблем кој морска вода не може да го испере.

Уште вчера, Спенџарска се пофали со сториња од Аеродром. Таа е со стилистот Александар Билјнаовски- Дадар и покрај сторито од Аеродром напиша: Премногу го сакам човекот!

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаМими од Звезде Гранда се обрати откако испадна од играта и објави емотивна слика со важна личност
Следна статијаМиро екс „Бекстејџ“: Се збори за нас, се плашат од нас