Ване Маркоски е еден од нашите најпопуларни водители, и актуелен на социјалните мрежи. Речиси секое утро, тој споделува фотографии од неговото ново работно место, Македонската радио телевизија.
Ване е по се изгледа радосен што денот му почнува со колешките и со гледачите на МТВ, водејќи ја Утринската програма. Тој претходно беше дел од тимот на Канал 5, од каде што си замина претходната година.
Ване за Женски магазин раскажа за одлуката да си замине од Канал 5 и да ја смени средината- во Македонската радио телевизија.
– Секогаш го слушам внатрешниот глас и знам дека тоа ме води во вистинската насока. Промените годат навистина и ги охрабрувам сите да ги практикуваат.
Секако дека имаше и потешкотии целиот овој период кога требаше да ја донесам одлуката. Не е лесно.
Одлука, нова средина, страв, трема, ама ако се издигнеш над сè, со искреност и си ја гледаш својата работа, без да наштетуваш на некој, тогаш сè си доаѓа на место“, раскажа Ване.
Ване на Фејсук често споделува свои лични приказни и раскажува убави спомени од детсвото, како што направи неодамна:
– За едно убаво време… Живеевме во стара зграда, а главната улица пред зградата, беше цела покриена со калдрма.
Спроти зградата трафика “Нова Македонија”, од рано наутро целата “опиена” од мирис на весници, малку погоре продавница каде се мелеше тазе кафе, а одма тука и фурна за леб. Спроти фурната и “Деликатес” – тогаш поим за супермаркет.
Се сеќавам кога сите тие мириси на весници, тазе мелено кафе, тазе леб, ќе се испомешаа наутро. Мирисаше цело маало.
Секое сабајле со свиткани пари во рака, трчав прво по весник, потоа по тазе кафе, па до фурната по тазе лебче и по млеко или јогурт, се сеќавам тогаш беа спакувани во кеси.
Ќе тркнев и до “Деликатес” по уште нешто и се тоа за некои 150 денари… За назад кон дома, редовно си купував и сладолед, млечен со чоколаден прелив, стандард вкус. Знаете на каков мислам.
Го продаваше еден дедо. Имаше фрижидер на самиот тротоар, одма залепен до нашата зграда. Тоа му доаѓаше нешто како награда за пазарувањето…
Доаѓаш дома. Се спрема појадок. Пушташ МТВ, почнува “Ѕвон” и не трепкаш. Колку само летавме, колку бевме среќни, затоа што со ова чуствувавме дека нешто придонесуваме за дома“, напиша Ване.
Водителот на Фејсбук често знае да спомене дека му се патува, но како и многумина нема таква можност поради пандемијата. Ване на Инстаграм сподели слики со куфери и напиша: Ќе се патува годинава, време е!
Познато е дека добра пријателка на Ване му е Милена Антовска- Станковска, водителката од Канал 5.
Ване и Милена се блиски уште од времето кога работеа заедно во оваа телевизија, а и сега поминуваат заедно доста време.
Тој и сега сподели слика од себеси на скопскиот Аеродром и на сликата се гледа колку е среќен.
-Детски радости, после две години“ напиша тој под сликата, а според објаснувањето, Ване ќе патува во Анталија, Турција.
Но, и Милена сподели стори, како заедно со Ване патува накај аеродромот и напиша: Анталија, чекај не. Заедно со неа е и нејзината ќеркичка Лана Марија.
Фото: Инсраграм принтскрин, Фејсбук принтскрин