Даниела Темелковска доби интересна покана за на кафе, од далечната Австралија (ФОТО)

0

Познато е дека Даниела Темелковска е една од нашите најопопуларни пејачки на фолк- музика која долги години е на естрадата.

Таа раскажа дека она што најмногу сака да го пее се старите македонски песни, и рече што би сакала да биде ако не беше пејачка: „Бидејки сакам да им помагам на луѓето, би сакала да бидам доктор.“

Темелковска на својот Инстаграм и Фејсбук објави свои атрактивни слики, а според нив, таа често се дружи со фолкерката Сања Гроздановска- Сани.

Таа е една најатрактивните пејачки меѓу народот која секогаш знае да направи убава атмосфера е која изгледа одлично и се грижи за својот имиџ. За нејзиниот изглед е главно задолжена сестра ѝ, а пејачката во една прилика изјави во што се чувствува најудобно.

„Дома по пижами обожавам да седам, а надвор повеќето сакам по спортски да бидам облечена“, рече Даниела за убава.мк.

Медиумите претходно пишуваат дека македонската фолк пејачка, во 2018 година, дел од летниот одмор го мина во Доминиканската Република.

Друштво ѝ правеше најблискиот член од нејзината фамилија, сестра и – Емилија. За Даниела оддамна е познато дека годините се се само бројка, па иако е веќе зрела жена, изгледа како млада девојка, или што би рекле младите во жаргон таа е „авион“!

Иако Емилија не толку позната, сепак не е непозната, зашто јавноста најмногу ја знае од дует песните и видеата токму со сестра и Емилија.

Особено атрактивна е онаа од пред неколку години со наслов: „Нема дилема“, објави поглед.мк.

-Нема жена што не е убава, за мене убавината доаѓа од внатре, здрава храна, малку спорт, секојдневна грижа за себе и сето тоа зачинето со љубов“, изјави Темелковска.

За Даниела е плус дека кога речиси сите нејзини колеги не работат и не настапуваат поради пандемијата, таа има повремени настапи и ги објавува на Фејсбук, како еден на крајот од февруари, во ресторан во Куманово.

Даниела, и кога нема настапи во ресторан, знае како да си ја развесели душата. Таа објави видео од својот двор како пее македонски народни песни, а на хармоника ја следи нејзиниот сосед.

„Една комшивска да разбиеме монотонија“, објави Даниела.

Темелковска докажа дека убавината не е само во провокативниот изглед на жената, туку и кога е спортски облечена.

Таа објави слика каде што е облечена во тренерки како оди на опуштена прошетка и под сликата доби интересни коментари, и една покана за на кафе.

– Дано кај си тргнала вака, ајде дојди на кафе“, ја покани Татјана Лазаревска од Мелбурн. Даниела на тоа ѝ одговори: Идам Тацке!

Фото: Фејсбук и Инстаграм принстскрин

Претходна статијаДодека јас аргатував во Германија, женичката моја во Македонија си фатила друг: Доста лажеш по луѓе дека сум ти правел работи кои не сум ги направил
Следна статијаВане Маркоски и Милена од Канал 5 ги спакуваа куферите и заедно летнаа од Македонија