Времето брзо лета, децата растат – Горан Пандев пак слави

0

Фудбалската репрезентација на Македонија во ноември минатата година испиша нова страница во својата историја, а повторно по кој знае кој пат најзаслужен за големото славје и пласманот на Европското првенство беше нашиот капитен Горан Пандев.

Иако зад себе има одиграно голем број финалиња и има постигнато безброј голови, сигурно, оној за победа над Грузија е негов најдраг во кариерата.

По последниот судиски свиреж на Ентони Тејлор во Тбилиси, цела Македонија го славеше големиот успех на фудбалерите, а незаборавно славје имаше и пред куќата на Пандев во Струмица.

Македонската фудбалска репрезентација го исполни сонот и се пласира на прво и историско Европско првенство. Победата во Грузија ја донесе Горан Пандев со голот во 56. минута од натпреварот, кој беше доволен за минимални 0-1.

Капитенот и лидер на оваа селекција призна дека е пресреќен за пласманот на Македонија на дебитантски голем собир, а меѓу другото кажа и што неговите сопруга и деца му порачале пред тргнувањето од Италија.

-Успехот го посветувам на мојата фамилија, тие се мојата инспирација и помош. Кога ме испратија од Италија, жената и децата ми порачаа:

Тато без Европско првенство да не се враќаш. Среќни се сите, а јас сум најсреќен. Уште не верувам дека го остваривме сонот, ама за некој ден ќе разбереме што сме направиле.

Кога го дадов голот погледнав кон небото и помислив дека вербата во Бог ќе не награди. Знаеме дека долги години се мачевме во фудбалот, ама сега треба сите заедно да се радуваме бидејќи тоа го заслужуваме“, изјави Пандев.

Нашиот капитен во тој период имаше уште една причина за прослава, имено неговото второ дете, односно првата ќерка Ана го прослави 9-от роденден.

Иако Горан не беше покрај своите деца, Ана со сигурност го доби најголемиот подарок.

Вчера, Горан Пандев повторно имаше убав повод за славење.

Синот на капитенот на македонската фудбалска репрезентација, славеше роденден. Имено ,Филипо наполни 11 години, а гордиот татко на Инстаграм му го честиташе роденденот и сподели неколку фотографии.

„Ти си најголемата среќа во мојот живот. Времето брзо лета. Единаесет убави години, со срце исполнето. Колку само емоции ми даваш.

Се надевам дека секогаш ќе ти бидам добар татко, но и пријател. Среќен роденден љубов моја, со сета љубов на светот“, напиша Пандев.

Честитката, тој ја напиша на италијански јазик, а доби честитки за роденденот на синот од повеќето фудбалери од репрезентацијата, но и познати светски фудбалери и негови пријатели.

Пандев е татко на татко на три деца, а освен синот Филипо, тој и сопругата Надица ги имаат ќерките Ана и Софија.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаСпенџарска проговори околу мажачката и парите
Следна статијаНашиот пејач живот си живее во Америка: Холивудски бакнеж со саканата на плажа