Нашиот пејач живот си живее во Америка: Холивудски бакнеж со саканата на плажа

0

Тој сега живее во америка, но сигурно дека публиката уште ги памети и ги слуша неговите песни: „Бори се за неа“, „Да ти биде срам“, и „Едно тело“, неговиот дует со ДНК.

Станува збор за Дарко Илиевски, ко беше беше еден од најпопуларните наши пејачи, кој го обожаваа најмногу девојките.

Дарко во октомври во 2016 година се ожени со Ивана, која иако не сакаше многу да зборува во јавноста, а со неа во врска беше подолго време.

-Кога ќе си ја најдеш љубовта, најдобриот пријател, твојата мотивација… Само ожени се со неа, напишал тој на својот Фејсбук профил над фотографијата од нивната венчавка.

Неколку месеци по венчавката, Дарко се пресели на Флорида, каде што Ивана живее со семејството. Во октомври во 2019 година, на Дарко и на Ивана им се роди син кој се вика Матео. Минатата година, кога Матео наполни една година, Дарко на Фејсбук напиша:

„Лепотанов наполни 1 година! Ти посакувам да имаш многу возбудливи моменти и безгрижно детство! Мама и тато ќе направат сè за тебе“, напиша Дарко.

Дарко на почетокот на годинава даде интервју за „Фокус“, каде што го раскажа неговиот американски пат:

-Од Македонија си заминав пред три години, беше тоа заедничка одлука со сопругата Ивана, за наша подобра иднина.

Одлуката, секако дека беше тешка, бидејќи требаше да ги оставам сите мои блиски, но од практичен аспект, беше единствена, затоа што ниту јас, а ниту Ивана не ја гледавме нашата иднина во Македонија, не само од економски, туку и од културен аспект.

Кариерата не ми беше пречка, затоа што можам да кажам дека периодот пред да заминам воопшто не заработував како естраден уметник, и во повеќе наврати се прашував дали воопшто се исплати целата љубов и големиот труд вложен во музиката.

Ќе речам, Господ нека им е на помош на сите талентирани луѓе таму – раскажа Дарко за „Фокус“.

Дарко раскажа дека во Америка се вработил како техничар во бродската индустрија, но по почетокот на кризата останал без работа, и тоа неколку месеци. По неколку месеци без работа, повторно се вработил, овојпат како техничар во областа на прехранбената индустрија.

Неговата сопруга Ивана работи како асистент менаџер, и Дарко изјави дека се релативно задоволни од она кое го постигнале досега. „За кратко време успеавме да си купиме наш дом, го добивме синчето Матео, и што е најважно, живи и здрави сме, фала му на Господ.

Сепак, во однос на сцената, ми фали тоа чувство, ми фали публиката и врската со неа“, вели Илиевски.

За роденденот на својата сопруга Ивана, тој на Инстаграм напиша: „Ако можев да ти ги дадам очиве мои да се видиш себеси… ќе го видеше најсовршеното нешто на овој свет! Среќен роденден љубов!“

Во март, на Инстаграм тој објави слика од плажа, поточно од Hollywood Beach, и напиша дека вистински се опушта на ова место.

Дарко со гордост го објави и својот син Матео кој пораснал во вистински убавец и под сликите напиша: Татин син!

Она што исто така пејачот сака од време на време да го споделува се и моментите поминати со сопругата Ивана.

Тој објави љубовно стори со сојата сакана, како ја бакнува. Според сликите, тие се уживаат на плажа, користејќи го сонцето на Флроида.

Фотографии: Инстаграм принтскрин, Фејсбук принтскрин. Насловна фотографија: Фрипик

Претходна статијаВремето брзо лета, децата растат – Горан Пандев пак слави
Следна статијаНаум Петрески виде дека во Македонија од музика нема леб и реши да печали надвор