Слаткар со насолзени очи пееше за својот упокоен татко

0

Марко Маринковиќ, Слаткар познат под сценското име Слаткаристика започнал со своите музички креации кога имал 12 години.

На возраст од 15 години, заедно со неговиот пријател Скит Скитара ја формирал хип-хоп групата “Единствена опција”, а во 2004 година го издадоа албумот “Рап Тврдина”.

Заедно со Пука Козметика, Скит, Ел Маријачи, Боро Лаказ, Какар, Зеле, Сиги, Аце НЛ, Че и Димитриј Јеа, во 2008 година го формираа хип-хоп-екипажот “Токсикологија”.

Во мај 2009 година потпиша договор со продукција Јованов рекордс и го издаде својот прв соло албум под наслов “Слаткаристика Будало”, кој постигна значителни успеси со песните “Шопинг”, “ФМ”, “Да полетам” и “Топ”. ..најава на револуцијата на хип-хоп во Македонија.

Во едно интервју, Слаткар зборуваше за тоа како настануваат неговите песни:

-Инспирација е секојдневието и може да настане од најмала глупост, до длабока мисла или чувство. Порано беше многу важно да го живееш тоа што го пишуваш, но со текот на годините се повеќе мислам дека се е работа. Најчесто пишувам во мир, а тоа е увек после 2 сабајле“, рече Марко.

Во 2014 година, Слаткар се ожени со поранешната Мис на Македонија Сања Николиќ. Пред една година, тие станаа родители на слаткиот Моша, а пред неколку дена го прославија неговиот прв роденден.

-Точно, како ден и ноќ сме, но нели,-мора да се стемни за да се раздени. Различни сме, но си имаме потреба еден од друг и се надополнуваме.

Иначе и двајцата сме лав во хороскоп, а од скоро дознавме дека и двајцата сме бик во подзнак. Па ти сега види.“, рече Слаткар за својата Сања.

Тој деновиве e актуелен по новите верзии на своите песни кои се акустични. Слаткаристика сними концерт во празниот МНТ во придружба на гитара која ја свори Денис Мурат. Музичарот секој ден на Инсраграм пушта по една песна, а вака го најави стартот пред неколку дена.

-Денес син ми полни 1 година, а јас како озбилен татко сакам да ви ги претставам моите песни во озбилна, акустична варијанта. Мојот Јутјуб канал, 20 часот. Претплати се, бесплатно е“, рече тој.

Досега, тој ги испеа песните: Марадона, ток так, Динеро, Јас имам некој, Кажи да, Добро да е.

Денеска ја објави песната „Да полетам“, за која своевремено има изјавено дека ја има напишано за тешката финансиска состојба во која се наоѓало неговото семејство.

Во интервју за Женски магазин, тој рече: „Да полетам“ секогаш ќе биде приказна на моето семејство. „Да полетам“ е наша приказна, но мотивација за секој човек што сака да успее.

За мене, една од песните што сега кога ја исполнувам, од срце, со огромна љубов ја пеам за мојот по -коен татко. За сè она на што ме научил и за тоа каков човек направил од мене“, рече Слаткар.

Во видеото каде што ја пее оваа песна Слаткар гледа нагоре, како да сака да му упати порака на татко си, и ја пее со насолзени очи и со многу емоции.

Оваа песна е еден од неговите најголеми хитови, а причината се стиховите кои допираат до многумина.

Слаткар со оваа изведба успеа да ги трогне своите обожаватели.

Фото: Јутјуб принтскрин, Инстаграм принтскрин

Претходна статијаНе сакам да сум домаќинка, на други им плаќам да го прават тоа место мене: Познатата пејачка ја направија лом за оваа изјава
Следна статијаМилена и Спенџарска добиваат сериозна конкуренција – Вера Мештеровиќ почна да го промовира својот ангажман