Милена и Спенџарска добиваат сериозна конкуренција – Вера Мештеровиќ почна да го промовира својот ангажман

0

Низ утринската програма на Канал 5 телевизија, поминаа многу млади новинари и новинарки кои се етаблираа во јавноста и изградија сопствен, препознатлив имиџ.

Милена Антовска, Јелена Спенџарска, Роберт Јанков, Бубе Јаневска, Ване Маркоски и многу други. Дел од нив, станаа толку популарни, што сега се вклучени во маркетинг кампањи од кои заработуваат дополнителен приход.

Секако, тие го привлекуваат вниманието со интересните статуси на социјалните мрежи, кои позитивно ги восприемаат нивните фанови:

„Што убаво е кога се чувствуваш удобно во своја кожа. Сите имаме секакви периоди во животот, многу случки и луѓе оставаат белег врз нас и во нашиот живот, но навистина е многу важно да не заборавиш кој/а си и што си.

Секој еден што ќе се обиде да ни влијае негативно и наместо насмевка да ни изнудува солзи заслужува само ЧАО. Смејте се луѓе, сакајте, давајте љубов и прегратки ( колку може со оглед на Ковид-ов“, напиша Милена Антовска пред неколку денови.

Слично некако фунционира и нејзината колешка, Јелена Спенџарска, која особено се истакнува со впечатливите статуси на социјалните мрежи.

Од скоро, Јелена и Милена, добиваат сериозна кункуренција, барем што се однесува до убавината. Нивна колешка стана познатата поранешна мисица, Вера Мештеровиќ.

По две децении завидна манекенска кариера, поранешната Мис на Македонија Вера Мештеровиќ, сè уште е барана и ангажирана поради природниот изглед, витата става, импозантната висина од над 180 см и професионалниот однос.

За Мис на светот во Индија каде што беше во далечната 1996 година, Вера изјави дека најмногу ќе го памети по тоа дека научила многу за убавината од друг агол.

Tаа додаде дека не треба да се потпира само на надворешната убавина и изгледот, туку да работи на себеси и да развива други способности, убавина со цел.

За неа, ова искуство кое го имаше во тинејџерските денови е нешто што и понатаму ѝ помага во животните предизвици и денес.

Иако од тогаш до денес поминале речиси 25 години, македонската мисица изгледа речиси исто како и тогаш. Вера и нејзината убавина како да се замрзнати во времето.

Вера сега има 40 години и е мајка на Јована и на Андреј. Според фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи, таа изгледа подобро од било кога.

Таа во својот најнов статус на Инстраграм се пофали со нов ангажман. Имено, Вера стана водителка на Утринската програма на Канал 5. Таа во статусот што го напиша им се заблагодари на поддршката на своите нови колешки.

Вера Мештеровиќ сега ужива во други нешта, а дел од нив е нејзиниот нов работен ангажман. Таа упати порака до нејзините следбеници со следниот мотивирачки статус:

-Добро утро. Денес денот започнува со сонце. Во #ЗДРАВОМАКЕДОНИЈО споделивме многу корисни совети. Зборувавме не само за витаминот Д, туку за болк-ите во стомакот причини поради кој се јавуваат, за што се се одлични урмите…

Се надевам дека сите информации ќе би бидат од корист, а на штета сигурно не. Како предлог рецепт ви покажавме како да зготвите вкусна полнета вртена погача.

Имајте убав ден,а ние се гледаме утре изутрина во новото издание на ЗДРАВО МАКЕДОНИЈО!!!“, напиша Мештеровиќ.

Фото: Фејсбук принсткрин, Инстаграм принтскрин

Претходна статијаСлаткар со насолзени очи пееше за својот упокоен татко
Следна статијаСека Алексиќ откри за што најмногу се кае во животот: Понекогаш се слушавме само еднаш во годината