Не сакам да сум домаќинка, на други им плаќам да го прават тоа место мене: Познатата пејачка ја направија лом за оваа изјава

0

Леонтина Вукомановиќ, е една од најпознатите пејачки и авторки, инаку автор на песната „Чија си“, која ја испеа Тоше Проески. Леонтина е исто така автор на многу хитови на Жељко Јоксимовиќ.

Една од нив е „Лане моје“, со која Јокисмовиќ беше на Евровизија. Познато е дека Леонтина и Жељко беа во врска долги години. Tаа се омажи за Филип Пат во 2009 година, и ја имаат ќерката Луција.

Од музичарот кој е шест години помалд од неа, Леонтина се разведе по 3 години брак и тие често истакнуваа дека се во добри односи поради нивната ќерка.

Како самохран родител, текстописец и композитор, пејачката вели дека денес не е лесно да се заработи за живеење. „Немам менаџер, но се промовирам, немам тим за маркетинг и тоа е товар за мене. Не сум среќна кога самата треба да го сторам тоа.

За да преживеете денес во шоу-бизнисот, треба да бидете менаџер и организатор, продуцент, стилист.

Откако знам за себе, јас сум фриленсер и откако дојдов да работам во Детскиот културен центар Белград, ми се наметна друга работа и работам напорно и задоволна сум што можам да работам.

Секако, ги користам и моето влијание и познаници како јавна личност за што повеќе да ја унапредувам детската култура – изјави Леонтина Вукомановиќ за „Блиц“. Инаку, нејзината ќерка Луција неодамна се испроба како модел, а иако се појавува на јавни настани со нејзината мајка, таа претпочита – забави со нејзините врсници.

Таа не ја пропушта можноста да се појави на модни ревии, а сега има 11 години и забавите со соучениците ѝ се многу поважни. И тогаш во една прилика ми рече:

„Мамо, јас сум уште дете, би сакала да играм, а кога ќе пораснам, тогаш можам да бидам модел“, без оглед на тоа што не ѝ недостасуваше можност да се прошета по модната писта претходно – објаснува Леонтина. Кога станува збор за воспитание, Леонтина ѝ забранува на својата ќерка претерано да го користи нејзиниот мобилен телефон.

– Мобилниот телефон ми пречи. Ѝ го одземам ако претера, или ако претера со некое однесување или претерана употреба на телефонот. Јас ѝ го одвлекувам вниманието и ѝ го одземам телефонот некое време, но дефинитивно посакувам да можам да ѝ го забранам мобилниот телефон.

Леонтина Вукомановиќ изненади многу жени- домаќинки и се крена голема бура заради нејзините зборови. Пејачката Леонтина Вукомановиќ има повеќедецениска кариера на музичката сцена, а работи и со талентирани деца.

Како што тврди таа, заради својата кариера нема време да биде домаќинка, па за тоа им плаќа на други:

– Најлесно и најубаво е да се биде мајка. Имам премногу обврски, но ја работам работа што ја сакам. Мојот мир го најдов во работата со деца. И покрај тоа, јас не ја запоставувам мојата авторска кариера, јас сум во студиото и работам.

Никогаш не би можела да бидам домаќинка, да посветам време на некоја груба работа затоа што не можам да стасам, имам луѓе кои на кои им плаќам за да го прават тоа“, рече Леонтина за Курир.рс

Реакциите на изјавата на оваа пејачка не изостанаа, па многумина ја обвинија и лом ја направија за оваа изјава токму во времто на кризата и за неа рекоа дека е расипничка.

Фото: Јутјуб принтскрин

Претходна статијаПесна на легендарниот Кемал Монтено крие емотивна приказна поврзана со македонски музичар
Следна статијаСлаткар со насолзени очи пееше за својот упокоен татко